Свет
Тројца новинари ранети во Бангкок

Три новинара меѓу кои е и канадски новинар се ранети во петок во тајландската престолнина додека известувале за судирите мешу демоснтрантите и полицијата
Тројцата новинари биле погодени во нозете и се наошаат вон животн аопасност, пренесе агенцијата AFP. Канадскиот снимател за француската информативна мрежа France 24 бил, покрај во ногата, потешко е ранет и во стомакот и во дланката а се здобил и со неколку скршеници. Во првата седмица од април меѓу тогаш 18-те убиени, беше и јапонскиот репортер на Reuters, 43-годишниот Хиро Мурамото.
Во четврток еден од демонстрантите беше убиен, а воениот советник на опозициските „црвенокошулаши“ бил ранет во главатаПо десетдневните преговори и привиден мир, од четвртокот во Бангкок повторно на сцена стапи насилството. Заради влошување на состојбата во главниот град во које прогласена вонредна состојба, уште од април САД ја затворија својата амбасада, а Велика Британија исто така најави дека ќе ја затвори своето дипломатско претставништво.Во оваа политичка криза што го зафати Тајланд најлоша од 1992 г, од средината на март досега загинаа 31 лице а околу илјада се ранети.„Црвенокошулашите“ под водство на опозициската партија Обединет фронт за демократија против диктатурата масовно протестираат во Бангкок од 12-ти март. Демонстрантите бараат од премиерот Абхист Вејџаџива да го распушти парламентот, сметајќи дека партиите кои го поддржуваат поранешниот премиет Таксин Шинаватра ќе победат на новите избори и ќе придонесат за поголема демократизација на земјата.Противниците на премиерот веќе го поддржаа предлогот парламентот да биде распуштен меѓу 15 и 30 септември, со што изборите би се одржале во ноември, но најавија дека ќе останат на улиците на Бангкок, каде протестираат од 12 март, се додека не биде познат точниот датум на распуштање на парламентот.Tаксин Шинаватра, кој пред извесно време престојуваше во Црна Гора чиј пасош поседува, постојано престојува во Дубаи каде е во доброволен егзил сакајќи да ја избегне затворската казна откако беше осуден за злоупотреба на функцијата и за проневера. Тој беше соборен со државен удар во 2006 г. и од тогаш е во бегство. Во отсуство е осуден на две години затвор, а по него од тајландските власти е распишана потерница на Интерпол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Повлекувањето на Иран од договорот за нуклеарно оружје би било најлошото сценарио

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека повлекувањето на Иран од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, по нападите на САД врз нуклеарните постројки во таа земја, би било „најлошото можно сценарио“.
Тој рече дека во наредните денови ќе разговара со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се обиде да го зачува договорот, пренесува BFM.
„Се надеваме дека ќе има вистинско приближување на ставовите бидејќи целта е да се спречи Техеран да продолжи со своите активности за ширење“, рече Макрон.
Свет
Орбан: Ќе има последици за организирање на „Парадата на гордоста“ во Будимпешта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес предупреди дека ќе има правни последици за организирање или присуство на парадата на гордоста во Будимпешта, која е закажана за сабота.
Тој рече дека ова ја крши полициската забрана за настанот.
„Ние сме возрасни и им препорачувам на сите сами да донесат одлука, но да ги почитуваат правилата. Ако не го сторат тоа, ќе се соочат со јасно дефинирани правни последици“, изјави Орбан за државното радио, објави Ројтерс.
Премиерот нагласи дека полицијата има овластување да го растера забранетиот настан, но додаде дека Унгарија е „цивилизирана земја“ и дека задачата на полицијата е да ги убеди луѓето да го почитуваат законот.
Свет
Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и дека сака да даде „личен придонес за да се осигури дека Европа успешно ќе продолжи во наредните години“.
На своето прво учество на самитот на ЕУ, кој заврши во четврток во Брисел, откако ја презеде функцијата во мај, Мерц рече дека сака да види брзо решавање на трговскиот спор на Европската Унија со Соединетите Американски Држави.
„Исто така, ја поддржувам Европската комисија во сите нејзини напори за брзо постигнување трговски договор со САД“, рече Мерц, објави Танјуг.
Рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за царини со ЕУ истекува на 9 јули, а Мерц ја обвини Европската комисија дека преговорите се „премногу комплицирани“.
Кога станува збор за војната на Израел во Појасот Газа, Мерц ги отфрли казнените мерки против таа земја или суспендирањето на Договорот за асоцијација на ЕУ со Израел, што го побараа некои земји.
Ова следеше по објавувањето на ревизорскиот извештај на ЕУ, во кој се наведува дека постапките на Израел во крајбрежната зона ги кршат воспоставените принципи на тесна соработка со меѓународната заедница.
Во заедничка изјава, шефовите на држави и влади на ЕУ ги повикаа сите страни на Блискиот Исток да покажат воздржаност и да го почитуваат меѓународното право. Тие, исто така, потврдија дека Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје, како и дека Европската Унија ќе продолжи да учествува во сите дипломатски напори за намалување на тензиите во регионот.
Мерц учествуваше и на неформален состанок на маргините на Европскиот совет во Брисел, на кој присуствуваа лидерите на 21 од 27-те земји-членки на ЕУ, кои имаат намера да развијат предлози за построга миграциска политика, чии домаќини беа Данска, Италија и Холандија.