Македонија
Снегот предизвика проблеми во сообраќајот

Снегот и ниските температури што изминатата ноќ ја зафатија Македонија го отежнаа сообраќајот во целата земја, поради што во некои делови е задолжителна употребата на зимска опрема.
Снегот и ниските температури што изминатата ноќ ја зафатија Македонија го отежнаа сообраќајот во целата земја, поради што во некои делови е задолжителна употребата на зимска опрема. Во Скопје беше отежнато одвивањето на сообраќајот во вечерните часови, кога поради ниските температури се формираше помала снежна покривка и на коловозите, а беа предизвикани и неколку помали сообраќајни незгоди, во кои беше причинета само материјална штета. Екипите на „Улици и патишта“ интервенираа со посипување на сол на сите главни сообраќајници, а истото беше направено и рано утрото, поради што немаше поголеми застои во сообраќајот. Единствен проблем претставуваше снегот во повисоките скопски населби, каде што локалните сообраќајници не беа навреме исчистени, поради што дел од граѓаните доцнеа на своите работни места. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато во зимски услови, поради врнежи од снег и остатоци на коловоз. Забрани и ограничувања нема, единствено на планинскиот превој Пресека е задолжителна употребата на зимска опрема само за тешките товарни возила. Железничкиот и автобускиот сообраќај се одвива нормално, со помали доцнења. Метеоролозите за денеска не очекуваат нови снежни врнежи, така што во текот на денот можно е и топење на малата снежна покривка во пониските места. Задоволство од новиот снег има и во скијачките центри, каде висината на снегот е доволна за зимските спортови. /крај/амсм/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степен.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок, кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m². Во петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.