Спорт
Федриго донесе трета етапна победа по ред на француски велосипедисти

Пјерик Федриго во драматичен финиш во кој учествуваа осум возачи успеа прв да помине низ целта на 16 етапа на Тур Д Франс од Бањере Д Лушон до По, долга 199,5 километри.
Пјерик Федриго во драматичен финиш во кој учествуваа осум возачи успеа прв да помине низ целта на 16 етапа на Тур Д Франс од Бањере Д Лушон до По, долга 199,5 километри. Претходно Шпанецот Карлос Баредо на 30 километри пред целта и побегна 40 секунди на водечката група. Во последните 20 километри оваа предност ја одржуваше на 20 секунди, со која што влезе во последните три километри, но тогаш групата од осум возачи меѓу кои и Армстронг, Цунего, Ван Де Вале го пристигна, а Французот Федриго во финишот беше побрз од второпласираниот сонародник Сенди Казар и Шпанецот Рубен Плаза. Целата група на целта пристигна во време од 5:31,43 што е за почит со оглед на четирите брдски цели и речиси 200 километри долгата патека, која е најтешка од сите на годинашниот Тур Д Франс. Баредо пристигна деветти со 24 секунди заостанување. Водечките во генералниот пласман Контадор и Шлек на целта пристигнаа со 6 минути и 45 секунди задоцнување, па така нема промени во однос на првите неколку пласирани возачи. Контадор води 8 секунди пред Шлек, 2 минути пред Санчез и 2 минути и 13 секунди пред Менчов Армстронг, кој што најави дека ова ќе му биде последна трка околу Франција, се обиде да извојува етапна победа но немаше шанса со специјалистите за спринт. Но може да се очекува во една од наредните етапи да се обиде да постигне победа за збогум. Следната етапа е во четврток и е последна на Пиринеите, долга 174 километри, а ќе се вози од По до Кол Ду Турмале (во спротивна насока од минатата етапа) и се чини ќе биде решавачка за генералниот пласман, бидејки време за тактизирање веќе нема.крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.