Македонија
СДСМ повика на сенароден протестен митинг
Опозициската СДСМ денеска ги повика граѓаните на Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или верска определба на 27ми јуни на протестен митинг под слоганот „Ние сме за победничка Македонија“
Опозициската СДСМ денеска ги повика граѓаните на Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или верска определба на 27ми јуни на протестен митинг под слоганот „Ние сме за победничка Македонија“ ,организиран од страна на партијата, пред Владата за да го искажат својот револт од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера го видовме ликот на едната, онаа владеачката Македонија. Постои уште една, многу поголема и многу побројна Македонија. Македонија на разочараните и обесправените, на храбрите и покрај сите заплашувања и закани, на гордите и покрај сите понижувања! Македонија која не ја прифаќа улогата на жртва, не ја прифаќа изолацијата и бесперспективноста. Македонија која сака да чекори напред, која сака да ги менува работите, која сака да победува. Е, таа Македонија ќе го покаже својот лик, ќе ја покаже својата големина и храброст, ќе го дигне својот глас на 27 јуни“, рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Црвенковски критикуваше дека роденденската прославата на ВМРО-ДПМНЕ е мегаломанска и дека лидерот Груевски не понудил решенија за тешките проблеми, туку како што рече само објаснувања зошто проблемите не можат да се решат.
„Наместо политика која ќе не води кон успеси добивме понуда за самосожалување, наместо визија за Македонија-победник ни се наметнува улогата на народ и земја –жртви. И притоа, сите други се виновни само не и власта во Македонија“, рече Црвенковски.
И останатите опозициски партии со остри критики за митингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои говорот на лидерот Груевски го оквалификуваа како популистички говор без чувство на одговорност за состојбите во кои се наоѓа Македонија.
„Наместо охрабрување на граѓаните за нивната желба за европска интеграција видовме страв, неизвесност, најава занови конфликти со Меѓународната заедница и недостаток на визија за иднината на Македонија“, изјави Горан Мисовски од НСДП.
Флора Кадриу од Нова демократија рече дека со вчерашниот говор на Груевски само уште еднаш се докажала констатацијата на нејзината партија дека премиерот води лесен популизам.
Либералдемократите сметаат дека премиерот Груевски вчера повикал на пресметка со опозицијата, со медиумите и Меѓународната заедница.
„Вчера очигледно не се работеше за татковината, туку татковината работеше за ВМРО-ДПМНЕ, па како што кажаа самите учесници татковината, односно граѓаните го платија самиот митинг“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.
За коалициската ДУИ вчерашната прослава е типичен партиски митинг./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

