Свет
Фејсбук во големи проблеми?
Европската комисија планира да ја прекине досегашната пракса според која веб-страниците и сервисите ги пратеа и „прислушуваа“ корисниците, за да соберат разни информации за нив, вклучувајќи го и политичкото и верското
Европската комисија планира да ја прекине досегашната пракса според која веб-страниците и сервисите ги пратеа и „прислушуваа“ корисниците, за да соберат разни информации за нив, вклучувајќи го и политичкото и верското убедување и други бројни информации кои што стануваат достапни и за огласувачите кои што ги искористуваат за да ги насочат рекламите, што во голема мера би влијаело на работата на Фејсбук, објавува „Телеграф“.
Со оглед на тоа што оваа пракса ја загрозува приватноста на корисниците, кои скоро и да немаат контрола над тоа, кој се може да стигне до нивните приватни работи, Европската комисија следната година планира директива со која што би требало да забрани искористување на приватните податоци за насочено рекламирање-освен ако корисниците се согласат на тоа.
Ваквата одлука особено би можела да влијае на најголемата социјална мрежа на светот, Фејсбук, која ако не ги почитува одлуките на Европската комисија, очекува тужба или големи парични казни.
Она што особено може да го загрижи основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг е тоа што оваа одлука ќе стапи на сила во година кога Фејсбук треба да излезе на берза и кога многумина очекуваат дека неговата вредност ќе биде проценета на дури 100 милијарди долари.
Сега се поставува прашањето, ако Фејсбук веќе не може да собира информации за своите корисници и да ги споделува со огласувачите кои благодарение на оваа мрежа своите реклами може да ги пласираат на точно одредена група на корисници, колку тоа ќе влијае на неговата вредност и идната заработка. Би можело, многу потенцијални инвеститори во оваа компанија да се премислат и да вложат многу помалку пари отколку што планирале првично./крај/дн.хр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.