Македонија
Владата ќе ги спасува родилиштата
По катастрофалните резултати кои што ги констатираше стручниот надзор во родилиштата низ Македонија во петок започна реконструкцијата на специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, второто по големина родилиште во Македонија, каде се вршат над 3.000 породувања годишно.
По катастрофалните резултати кои што ги констатираше стручниот надзор во родилиштата низ Македонија во петок започна реконструкцијата на специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, второто по големина родилиште во Македонија, каде се вршат над 3.000 породувања годишно.
„Со денешното означување на почетокот на градежните работи го означуваме почетокот на реконструкцијата на 20 јавни здравствени установи кои се дел од првата фаза за реконструкција на јавните здравствени установи“, изјави министерот за здравство Бујар Османи.
Министерството за здравство само во оваа болница ќе инвестира околу два милиони евра, а се очекува болницата да се реконструира за не повеќе од 12 месеци.
„На крајот од сите овие работи ќе добиеме модерна болница со модерни двокреветни соби, апартмани, ќе се подобри квалитетот на условите во родилиштата и родилките ќе имаат попријатен престој“ вели Османи.
Во извештајот на стручниот надзор клучен проблем беше и недостатокот на кадар во гинеколошките одделенија. Дефицитот на кадар во гинеколошките установи денеска е на владината комисија за човечки ресурси, а конечен исход ќе има на владината седница во сабота.
„Еден факт е дека не е констатиран дефицит во целиот систем, туку е нерамномерна распределбата на локација на кадар, некаде превработеност некаде дефицит. Со измената на законот овозможивме хоризонтална мобилност на здравствените работници, од една во друга установа“ вели Османи.
Тој поднесувањето оставката, кое од него го побараа Сојузот на жените на Македонија не го смета за соочување со проблемите
„За мене одговорност значи соочување со проблемите, оставка е значи бегање од проблемите.Тоа не е мој стил на работа јас не сум така воспитан, јас се разбира дека чувствувам одговорност за тоа што се случува во здравството, и покрај тоа што за голем дел од работите кои што ми се припишуваат не сум директно одговорен“ вели Османи.
Комисијата за стручен надзот констатира недоволен број на персонал и опрема, неадекватни санитарни услови и стари згради во родилиштата низ Македонија.
Во последните неколку месеци починаа две родилки од Прилеп, од Гостивар, а пред неколку дена почина и родилка од Велес. Родилиштето во Прилеп одредено време поради немање основни услови за породување, беше затворено, а директорите добија и кривични пријави. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати
Во соопштение до јавноста, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оцени дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 отсто, правосудниот систем дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите.
„Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како аргумент, ВМРО-ДПМНЕ наведува примери од други држави: Србија: судиите земаат околу 120.000 денари, доверба 20%, Хрватска: платите се околу 3350 евра, доверба 20%, Словенија: платите се од 1738 до над 4000 евра, доверба 41%, Германија: судиите земаат околу 3300 евра, доверба 58%.
Според соопштението, доколку бидат прифатени сегашните барања, судија би земал околу 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари – што е еквивалент на осум просечни плати и повисоко од примањата на нивните колеги во Европа со многу поголема ефикасност и доверба.
Во заклучокот, ВМРО-ДПМНЕ повикува на разумност и наведува дека е време правосудните органи да се фокусираат на работа и резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )

