Македонија
ДУИ засега е доволно да се тргне петокраката од грбот

Демократската унија за интеграција даде согласност да се тргне ѕвездата петокрака од грбот на Република Македонија
Демократската унија за интеграција даде согласност да се тргне ѕвездата петокрака од грбот на Република Македонија, но не се согласува со новиот предлог на ВМРО-НП, рече пратеникот НезириОва денеска во Скопје го изјави пратеникот на ДУИ Сафет Незири, коментирајќи ја иницијативата на ВМРО-НП.„За иницијативата на Марјан Додовски и ВМРО-НП, мислам дека треба да се има политички и меѓуетнички консензус во дадениот момент, но се’ уште не е дојдено тоа време“, рече Незири.Во иднина, според ДУИ, треба да се разгледа можноста за менување на државниот грб, но со претходна консултација на научници и хералдичари. Според владејачката ДУИ, сега не е време да се стави што и да е на државното обележје на државата.ДУИ се согласи да се тргне црвената ѕвезда петокрака државниот грб, за како што рече Незири, конечно да се збогуваме со минатото, со комунистичкиот режим. /крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.