Македонија
Вештачењето за “Пајажина” повторно одложено
Во истражното одделеине во Основниот суд 1 во Скопје денес повторно беше одложено вешатчењето и анализата на документите за случајот “Пајажина”.
Во истражното одделеине во Основниот суд 1 во Скопје денес повторно беше одложено вешатчењето и анализата на документите за случајот “Пајажина”.
Овој пат судот ги известил адвокатите дека се уште не бил можност да им ги достави документите и да одговори на неколкуте барања на одбраната пред да започне вешачењето.
Поради тоа работата не можела да започне и овој дел од истрагата е одложен без да се прецизира кога ќе продолжи. Ова е трето одлагање на презентација на запленетите документи од фирмите на Перо Наков.
За секоја нова закажана истрага притворените се носат во судот затоа што секој до нив треба да даде појасување за одредена документација.
Случајот “Пајажина” од лани од декември е во истрага.
Осомничени за перење пари, затајување данок и други кривични дела се сопственикот на А1 телевизја Велија Рамковски, членови на неговото семејство и управители и директори на негови фирми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

