Контакт

Скопје

Пуштен во употреба Плоштадот „Делфина“ во Влае

Објавено пред

Новиот плоштад  во населбата Влае наречен „Делфина“, пуштен е во употреба во неделата вечерта, со што општина карпош доби уште еден  монументален  објект.

dobivaj vesti na viber

 

 

Плоштадот се простира на површина од околу 5000 квадратни метри, со впечатливо зеленило, шаренило и преубава фонтана, кои се само мал дел од „елементите“ кои ги содржи плоштадот „Влае“.

 

На грандиозното свечено отворање присуствуваа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вицепремиерот, Зоран Ставревски и претседателот на Советот на општина Карпош, Сашо Лазаровски, кои воедно ја пресекоа црвената лента која го означи почетокот на урбаното живеење и дружење на жителите од оваа населба.

 

Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, го изрази своето задоволство пред присутните и им порача пријатни летни денови поминати во овој простор.

 

Во своето пригодно обраќање првиот човек на оваа Општина рече дека  плоштадот има неколку намени: на него граѓаните да се дружат и рекреираат, да се заштити просторот од  друг вид урбанизација и изградба на згради, и конечно и поедеднакво важно, да одаде признание и сеќавање на почесната граѓанка на општина Карпош, трикратната светска првенка во маратонско пливање, Атина Бојаџи. Оттаму името на овој плоштад ќе биде „Делфина“ според истоимениот филм посветен токму на оваа легендарна македонска пливачка, рече Јакимовски.

 

Општина Карпош може да се пофали со уште многу други плоштади на територија на Општината, асфалтирани улици, тротоари, нови светилки, хортикултурно уредување долж главните улици, безбеден  и чист Карпош. И сето ова нема да биде така, доколку не постоеше Советот на општина Карпош, рече претседателот Сашо Лазаровски кој се труди да ги реализира сите потреби на неговите жители.

 

-Советот на општина Карпош е местото каде се слеваат сите потреби, проблеми и решенија на нашите сограѓани. Ние ги препознаваме приоритетите на граѓаните. Жителите на Влае изразија желба за едно убаво и урбано место, за свое катче, каде што ќе можат да се собираат и дружат. Овој плоштад е уште еден доказ дека нашата Општина незапирливо граби напред, дека се урбанизира и заслужено го носи епитетот најевропска Општина во градот. – заврши Лазаровски. Тој додаде дека плоштадот, како и сите претходни и наредни објекти, се изградени со средствата на граѓаните од Карпош и дека со општинската работа е оправдан секој вложен денар.

 

На големото отворање, присуствуваше и вицепемиерот, Зоран Ставревски кој беше импресиониран од сработеното и ја поздрави идејата за овој рекреативен „центар“, каде слободно и безбедно ќе може да се дружат жителите на Влае, слободното време да го поминуваат заедно и сплотени. Како претставник од Владата на Република Македонија, тој им пренесе на присутните дека централната власт мисли да инвестира во нова фекална канализација и водоводна мрежа на неколку  улици на територија на општина Карпош.

 

Небото над Влае светна како вистинско виножито од бои. Огнометот ги израдува најмладите, а измами и насмевка и кај најстарите. Громогласните овации не престануваа,  додека културно-уметничката програма започна во полн ек.

 

На големата сцена продефилираа познати пеачки имиња а тоа се: Бубе Најдановска, Дани Димитровска, групата „Пеперминт“ и поп-ѕведата Влатко Лозаноски-Лозано.

 

Оваа вечер, во рамките на Карпошово културно лето, целовечерен концерт одржа музичката дива Тијана Дапчевиќ, која беше вистински шлаг за затворањето на овогодинешното Карпошово културно лето 2014 но и за свеченото отворањето на плоштадот „Влае“. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре без вода делови од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Објавено пред

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“

Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 час

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал...

Македонија2 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура3 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет3 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет14 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија20 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија20 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија22 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија22 часа

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет23 часа

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет23 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија1 ден

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...