Контакт

Свет

Одбележување на 65 години од нападот врз Нагасаки

Објавено пред

Нагасаки во понеделник одбележува 65 години од неговото уништување со атомска бомба, при што беа убиени 74.000 луѓе, а повеќе од 40 илјади беа ранети.

dobivaj vesti na viber

Нагасаки во понеделник одбележува 65 години од неговото уништување со атомска бомба, при што беа убиени 74.000 луѓе, а повеќе од 40 илјади беа ранети.Првично цел на нападот бил градот Кокура. Но поради облачното време било одлучено да се нападне втората мета на списокот, а тоа бил градот Нагасаки.Во 11:02 часот претпладне по локално време, граѓаните со минута молчење секоја година го одбележуваат моментот кога американскиот бомбардер Б-29 Bock’s Car ја испушти атомската бомба врз Нагасаки, убивајќи 74 илјади луѓе.Нападот врз Нагасаки во 1945 година се случи три дена после бомбардирањето на Хирошима, во кое во експлозијата на атомската бомба загинаа 140 илјади лица.Иако бомбата била помоќна од онаа фрлена врз Хирошима, поради планинскиот терен разурнувањето било многу помало отколку во Хирошима, Последиците од двете бомби поради радијацијата се чувствуваа со децении, а бројот на вкупните жртви е многу поголем.Нападите со атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година беа директен повод за јапонска капитулација што беше потпишана на 15 август со што заврши Втората светска војна.Повеќе од шест децении по бомбардирањата и понатаму се разликуваат размислувањето на јапонските и американските државјани. Во анкетите кои беа објавувани во САД повеќе од  две третини од Американците се на ставот дека САД имале право што фрлиле бомби врз Хирошима и Нагасаки. Додека мал дел од американските граѓани сметаат дека тогашниот американски претседател Хари Труман погрешил што наредил уништување на градови. /крај/бд/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Британскиот премиер: Упадот со руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

Објавено пред

Британскиот премиер Кир Стармер утрово остро го осуди рускиот упад во полскиот воздушен простор, нарекувајќи го „екстремно загрижувачки“.

dobivaj vesti na viber

Стармер го опиша нападот врз Украина како „варварски“ и додаде дека тоа е „грубо неодговорен потег на Русија што само го потврдува очигледното непочитување на мирот од страна на Путин и континуираното бомбардирање на невини Украинци“.

Тој рече дека разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за да „јасно ја стави на знаење поддршката на Обединетото Кралство“. „Искрено сум благодарен на НАТО и полските сили кои брзо реагираа за да ја заштитат Алијансата“, рече Стармер.

Тој додаде дека Велика Британија, „заедно со партнерите и преку раководството на Коалицијата на волјата, ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Путин сè додека не се постигне праведен и траен мир“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж починал штом слетал од Тунис

Објавено пред

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н.Л. (64) му се скошило штом неговиот авион слетал од Тунис.

dobivaj vesti na viber

Според информациите објавени од Блиц, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му пружиле помош, но човекот не можел да се спаси.

Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.

За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред европратениците сумирајќи ги достигнувањата од изминатата година и ги истакна предизвиците со кои се соочува Унијата, но и клучните приоритети за следната година како во Европа така и на глобално ниво.

dobivaj vesti na viber

Фон дер Лајен го почна својот говор со силен апел Европа да заземе јасно место на глобалната сцена.

„Европа се бори за мир, се бори за интегритетот на нашиот континент, за слободна и независна Европа, за нашите вредности и нашата демократија, нашата слобода и нашата способност сами да ја одредуваме нашата судбина. Немојте да се залажувате, ова е нашата иднина“, рече претседателката на ЕК нагласувајќи дека денешниот свет се карактеризира со суровост.

„Не смееме да ги затвораме очите пред проблемите, нашите граѓани го чувствуваат тоа, тие се загрижени за бескрајната спирала на настани што ги гледаат на вестите“, додаде таа.

„Се цртаат нови контури на светски поредок заснован на моќ. Светските сили се или амбивалентни или непријателски настроени кон европските земји. Поради сето ова, мора да се појави нова Европа“, предупреди Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Европа мора да биде независна и силна. „Европа отсекогаш останала обединета и успевала, а ние мора да го сториме истото тоа сега. Ве прашувам, дали Европа е доволно храбра за оваа борба?“, праша таа заклучувајќи дека одлуката е јасна и дека единството меѓу членките на ЕУ мора да остане приоритет.

Претседателката на ЕК потсети на тешката ситуација во Украина истакнувајќи ја хуманитарната криза што најмногу ги погодува децата и најави иницијатива за нивно враќање. „Секое дете мора да се врати, оваа војна мора да заврши и мирот мора да се обезбеди“, рече таа предизвикувајќи громогласен аплауз од публиката.

„26 земји изразија подготвеност да учествуваат за да се стави крај на оваа војна, но видовме како изгледа дипломатијата за Русија“, потсети претседателката осврнувајќи се на најновите брутални напади врз цивили во Украина.

„Мораме итно да работиме на ново решение за финансирање на воените напори на Украина врз основа на имобилизирани руски средства, со кои можеме да ѝ обезбедиме на Украина заем за репарации“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека овие средства остануваат руски средства, а Украина ќе го врати заемот само кога Русија ќе ги исполни своите обврски за репарации. „Парите ќе ѝ помогнат на Украина денес, но ќе бидат клучни и за безбедноста на Украина на среден и на долг рок. На пример, финансирање силни украински вооружени сили како прва линија на безбедносни гаранции“, рече Фон дер Лајен.

„Европа цврсто стои со Полска“, рече Фон дер Лајен во контекст на нападите со руски беспилотни летала што ја преминаа полската граница синоќа. „Русија мора да плати за предизвиканата штета“, нагласи таа.

„Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија“, нагласи таа најавувајќи јасен план со конкретни цели за одбрана до 2030 година. „Мора да се подготвиме денес. Кога зборуваме за иднината, зборуваме за нашата независност. Европа е идејата за слобода и заедничка сила“.

„Само обединета Европа може да биде силна и независна, затоа мора повторно да овозможиме обединета Европа“, додаде Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК емотивно зборуваше за хуманитарната катастрофа во Газа.

„Она што се случува во Газа ја потресе цела Европа. Деца што молат за храна, мајки што ги држат своите гладни деца во раце и затоа морам јасно да кажам – глас предизвикан од човечка акција никогаш не може да биде оружје на војната. За доброто на децата, за доброто на човештвото, ова мора да престане“, нагласи таа.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија30 минути

(Видео) „Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик“, прашува СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот...

Македонија1 час

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Европа3 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа4 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет5 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа5 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа5 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа6 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа6 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија16 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија18 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија23 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија23 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија23 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ1 ден

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ1 ден

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија1 ден

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...