Свет
Чавез ги повика колумбиските герилци да ги ослободат сите заложници
Венецуелскиот претседател во недела ги повикал колумбиските герилци да ги ослободат сите заложници во рамките на новиот мировен процес во Колумбија кој е прокламиран откако во саботата на должност стапи новиот колумбиски претседател Хуан Мануел Сантос
„Тие герилци би требало јавно да се изјаснат за мир и да ги ослободат сите заложници, Зошто некои герилци би држеле заложници?“, запраша венецуелскиот претседател Хуго Чавез во своето неделно радио шоу „Alo Presidente“ од кое честопати знае директно телефонски да им се јавува на своите колеги претседатели во латино американските земји. Во неделната емисија Чавез побарал од колумбиските герилски групи а посебно од FARC да го одложат оружјето и да се изјаснат за мир додека своите први претседателки денови ги минува новиот колумбиски претседател. Тој исто така рекол дека се надева дека со Хуан Мануел Сантос ќе ги поправат билатералните односи меѓу двата соседа, откако тој во саботата ја презема функцијата од неговиот претходнил Алваро Урибе. На инаугурацијата на Сантос во знак на добра волја присуствуваше венецуелскиот министер за надворешни работи. Министерот Николас Мадуро во Богота изјави дека на народот на Колумбија му ја носи „пораката на љубовта“ од венецуелскиот претседател Чавез. Во март FARC ослободи војник кој го држеа во заложништво 12 години. Наредникот Пабло Монкајо беше еден од двајцата заложници на FARC кои минаа најмногу години во заложништво. Тој бил заробен кога имал 18 години кога бунтовниците нападнале зафрлено планинско село каде била стационирана неговата единица во декември 1977 г. Со него беше уапсен и војникот Либио Хозе Мартинез кој се’ уште е во злаожништво на бунтовниците. Во заложништво бунтовниците држат уште 22 колумбиски полицајци и војници.Чавез ги прекина дипломатските односи со Колумбија на 22-ри јули, откако досегашниот претседател Урибе тврдеше дека има докази од филмови фотографии и мапи, дека Бенецуела им дава заштита на 1.500 герилци на FARC во џунглите на нејзина територија каде има кампови за обука. Вооружената формација FARC (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia), како и другите помали екстремни организации во Колумбија, се финансира од продажби на кокаин, a e формирана во 1964 г. од страна на Комунистичката партија на Колумбија. Тие поведоа војна за воспоставување на „Нова Колумбија“ или „општество на социјална справедливост и еднаквост“. Таа е ставена на списокот на САД и на Европската Унија како една од терористичките органзиации. Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 г. претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илајди.Успехот во борбата против оваа пaравојска му се припишува на претседателот Урибе, чиј татко во 1983 г. беше киднапиран и убиен од оваа организација. Урубе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанска војна. Неговата политика добива значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД.На неодамнешните претседателски избори победи поранешниот министер за одбрана Хуан Мануел Сантос чија претседателска инаугурација се одржи на 7-ми август. Тој најави дека ќе ја продолжи решителната борба против FARC.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.