Македонија
Одложена собраниската расправа за случувањата на Перо Наков бб
По барање на членовите од владејачкото мнозинство денеска е одложена Анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која требаше да се расправа за случувањата на улицата Перо Наков бб.
Претседателката на Комисијата Весна Бендевска истата седница ја презакажа за утре, со една единствена точка на дневен ред – случувањата во А1 телевизија.
Пратеникот Јован Гинев од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека одложувањето на седницата го бараат поради истовременото одржување и на пленарна седница.
Пратениците од опозицијата обвинија дека ваквото барање е бегање од одговорноста и кршење на демократијата.
Професорката Гордана Силјановска од претседателката Бендевска побара на утрешната седница да присуствува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Финансиската полиција Љупчо Стаматовски, бидејќи, како што рече, без нивно присуство дебатата ќе биде само научно-невладин форум. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрането движење за товарни возила кај Пресека и Кичево-Гостивар
Забрането е движење на товарни моторни возила на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, информираа од АМСМ.
Забраната е воведена во 12.15 часот.
Македонија
Во Битола почнаа консултациите за отповикување на градоначалниците
Битола денеска беше домаќин на првата консултативна средба за најавените измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа, организирана од страна на Министерството за локална самоуправа, а поддржана од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.
„Како што најавивме, до изменет, подобрен и модернизиран Закон за локална самоуправа прилагоден на потребите на нашите граѓани и општини, ќе дојдеме преку широки, отворени и јавни дебати. Токму денешниот настан е првиот од низата планирани во процесот во кој безрезервна поддршка и партнерство добиваме од Владата на Швајцарија и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Вашето учество и конструктивни мислења ќе бидат од големо значење, бидејќи токму во оваа фаза на консултации ги обликуваме неопходните чекори за изменување и дополнување на Законот“, истакна министерот Златко Перински на отварањето на настанот на кој учествуваа градоначалници од Полошкиот и Југозападниот регион, домаќинот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, дел од експертскиот тим вклучен во процесот за измените на Законот, проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети, како и претставници од граѓанскиот и невладиниот сектор.
Според министерот Перински, причините поради кои ќе се менува, односно дополнува Законот за локална самоуправа, се идентификуваните слабости по неговата дваесетгодишната примена. Клучните аспекти на планираните измени, посочи Перински, вклучуваат зголемена транспарентност и отчетност, унапредување на учеството на граѓаните, воведување комунални редарски служби и развој на недоволно развиени подрачја.
Министерот истакна дека главната иницијација за отворање на Законот е можноста за отповик на градоначалник, со што ќе се зголеми транспарентноста и отчестноста во секојдневното работење на локалните самоуправи, како и воведување на комунален надзор под ингеренции на локалната самоуправа.
„Тоа треба да се доуреди со Законот за комунални дејности, бидејќи таму е опишана целата материја, но како обврска во иднина градоначалниците мора да ја имаат и затоа сакаме да ја имплементираме во ова ново законско решение со што ќе превенираме девијатните промени. Комуналните редари ќе бидат облигаторна работа за градоначалниците“, дополни министерот.
„Токму овие планирани измени, ќе бидат од голема полза за граѓаните и општините“, истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој изрази задоволство што министерот Перински одлучил подобрувањето на законската рамка да се врши транспарентно, преку јавни и широки дебати, кои стартуваат токму од Битола.
Во процесот на подготвка на подобрената законска рамка е вклучена и експертска група, ангажирана од страна на УНДП и швајцарската Влада, а еден од нив е и проф.д-р Александар Спасеновски, кој истакна дека сега имаме добро принципиелно законско решение кое го изржало тестот на времето.
„Сепак, како резултат на неговата дводецениска примена, природно се појавуваат одредени слабости кои се настојува да се надминат. Ние, како експерти ангажирани од УНДП, како дел од овој процес имаме за цел преку анализа на најдобрите компаративни европски практики, како и сугестиите на општините, да дизајнираме измени кои ќе го рефлектираат најширокиот консензус во општеството и во Собранието“, посочи Спасеновски.
Дел од експертскиот тим е и проф. д-р Гордан Георгиев, кој изрази благодарност до министерот Перински и УНДП за одлучноста да го отворат овој сложен процес.
„Волјата е силна, намерата е добра и искрена. Ние, како експерти, сакаме да докажеме дека станува збор за добра намера која верувам дека ќе вроди со плод“, рече Георгиев.
„Станува збор за отворен и инклузивен консултативен процес кој сака да адресира слабости кои ќе бидат прифатени од сите граѓани“, додаде проф. д-р Мемет Мемети, дел од експертската група.
На консултативната средба, беше појаснето дека процесот на работа на експертската група се состои од четири клучни методолошки чекори, односно ќе се врши темелна анализа на постојната рамка, ќе следи консултативен процес кој ќе резултира со изработка на нацрт-измени, кои финално ќе се презентират и достават на усвојување.
Македонија
(Видео) Во СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски
СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни“, рече Петрушевски.
Според владејачката партија, социјалдемократите треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби.