Контакт

Економија

Доларот до рекордно ниското ниво спрема јенот во очекување на одлуката на Фед

Објавено пред

Доларот во средата на меѓународните пазари се симна речиси до рекордно ниското ниво спрема јапонскиот јен пред состанокот на американската централна банка.

dobivaj vesti na viber

Доларот во средата на меѓународните пазари се симна речиси до рекордно ниското ниво спрема јапонскиот јен пред состанокот на американската централна банка.Според предвидувањата, доларот најверојатно нема да ги надомести загубите додека инвеститорите не гледаат кои мерки би можеле да се преземат за поддршка на забавениот раст на американското стопанство.Доларот во текот на средата беше во загуба од 0./15 отсто и со него се тргуваше по 76,27 јени, по што подоцна се симна на 76,11 јени, сосема близу до рекордно ниските 75,94 јени за долар, курс кој го забележа во август. Еврото и доларот, пак, беа во позитива во однос на швајцарскиот франк, поради непопусливите пазарни претпоставувања дека Централната банка на Швајцарија (SNB) размислува за зголемување на минималниот курс на еврото спрема франкот, од неодамна утврдените 1,2 на 1,25 франка за евро, кои цврсто ќе ги брани. Од SNB,, пак, не сакаа да ги коментираат овие шпекулации. Еврото така зајакна за 0,5 отсто спрема франкот, на 1,2216 франци, додека доларот забележа плус од 0,8 отсто и во средата со него се тргуваше по 89,46 центи. Истовремено еврото ослабна спрема доларот, и тоа за 0.4 отсто, симнувајќи сме на 1,3654 долари под притисокот на падот на цените на европските пазари и тврдокорната лоша атмосфера поради должничката криза во еврозоната. Аналитичарите сметаат дека доларот најверојатно нема да ги надомести загубите до пред завршувањето на состанокот на Фед. Се очекува дека Фед ќе ги реструктуира обврзничкиот портфељ, во износ од 2.800 милијарди долари, така што ќе се зголеми уделот на оние со подолги рокови и со тоа ќе помогне да се снижи цената на долгорочното задолжување. Иако ваквото поттикнување би бил помалку штетен за доларот од новиот круг квантитативно попуштање со чија помош во системот треба да се инјектираат поголеми количества долари, аналитичарите сметаат дека двете мерки укажуваат на тоа дека на централната банка и снемало опции за придвижување на стопанството. „Ризикот од квантитативното попуштање на тегот е за доларот, додека другата наведена опција и не е некој особен товар бидејќи нема да доведе до зголемување на билансот на Фед,. Меѓутоа, тешко и тука можам да видам позитивен ефект врз доларот. Каматните стапки и онака веќе се на најниските историски нивоа и тоа не е причина што на стопанството не му оди добро. Пазарите би можеле да добијат впечаток дека сите тие мерки немаат никаква смисла“, смета Луц Карповиц валутен стратег во „Commerzbanc“.

Меѓу поголемите губитници во средата се најде и британската фунта, којашто беше погодена со изјавата за забелешки од последниот состанок на Централната банка на Велика Британија кои се засилија во очекувањето на новиот круг од квантитативното попуштање на во Велика Британија, Така фунтата падна на 1,5613 долари, најниското ниво по последните осум месеци, а се спушти и на најниското ниво спрема јенот во последните две ипол години – на 119,23 јени./крај/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.

„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.

Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.

„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.

Прикажи повеќе...

Економија

Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

Објавено пред

Фото: архива

Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи.

Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека и нема услови за работа на инспекторатот, а нема ниту огласи за вработување лектори.

Костадиновска Стојчевска истакна дека не се доделени никакви средства адаптација на основното училиште во Љубојно во центар за промоција на македонски јазик, каде нема никакво придлижување.

Буџетот за реконструкцијата на објектот Музеј на Македонија е намален 33%, а да ве потсетам таму се на ревитализација иконите вратени по првата реституција, и тоа 21 икона украдени во 2013 година, а откако ќе се ревитилазираат треба да бидат изложени во тој музеј, рече Костадиновска Стојчевска.

Тоа кажува за приоритетите на министерството за култура, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пред собраниската комисија за финансирање.

Прикажи повеќе...

Економија

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

Објавено пред

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.

dobivaj vesti na viber

„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.

Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија6 часа

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија7 часа

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија8 часа

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија8 часа

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија9 часа

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија11 часа

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија11 часа

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија21 час

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија1 ден

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ1 ден

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија1 ден

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија1 ден

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија1 ден

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија1 ден

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија1 ден

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија1 ден

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 ден

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион1 ден

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...