Македонија
Груевски до Рен: Не ја разбирам грчката позиција во спорот
Не ја разбираме грчката позиција во спорот за уставното име на нашата држава, ниту што сака Грција да постигне воопшто, му порачал премиерот Никола Груевски на еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Брисел
На средбата што пред малку се одржа во Европската комисија, премиерот Никола Груевски сепак го уверил Оли Рен дека македонската страна во преговорите е подготвена да се најде решение за проблемот.„Сакаме да има решение, секако не ни е сеедно какво. Ги објаснивме позициите на Грција дека бара промена на името и во билатерланите односи и во мултилатералните, и за државите кои веќе не признале под уставното име и за внатре. Бараат промена на јазик, идентитет, пасош. Во таква ситуација не е возможен компромис“, ги информираше Груевски новинарите по средбата со Рен.Тој очекува преговорите со името да се интензивираат по изборите во јуни во Грција.Освен за името, Рен и Груевски во Брисел разговарале и за трите главни приоритети од европската агенда на Македонија. Шефот на македонската Влада му соопштил на еврокомесарот дека очекува позитивен извептај од Европската комисија за почеток на преговорите за членство со Унијата.Позитивна одлука се очекува и за визната либерализација. Груевски се надева дека македонските граѓани ќе патуваат без визи во државите членки на Унијата по 1 јануари 2010 г.Груевски го инфомирал Рен и за текот на судските реформи. Му најавил дека наредната недела Владата ќе го разгледа акциониот план за овие реформи, потоа истиот ќе го понуди на јавноста и на политичките партии, по што ќе следат низа законски измени.На средбата присуствувал и вицепремиерот Ивица Боцевски, иако утрото имаше најави од новоформираниот кабинет на претседателот Иванов дека можно е и тој да присуствува на средбата. Боцевски го информирал Рен за текот на децентрализацијата во управувањето со ИПА фондовите.Иванов и Груевски моментално се на средба со белгискиот премир, а подоцна и со специјалниот претставник на ЕУ, Хавиер Солана.Инаку се работи за официјална посета која европските авторитети ја прифатиле со задоволство со цел да го запознаат новиот претседател со Европската агенда и приоритети. Специјално за Иванов, вечерва еден холандскито абасадор на НАТО во Брисел ќе организира и коктел на кој се очекува да присуствуваат најмалку дестмина НАТО амбасадори на кој ќе биде претставен македонскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ спроведе засилени контоли кај операторите со храна во близина на училиштата
Во рамки на 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна, додека 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени, соопшти АХВ.
Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.
Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.
„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.
За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.

