Регион
Петмина ранети и десетина затрупани во експлозија во пекарница во Романија
Пет луѓе се здобиле со сериозни изгореници во експлозија во пекарница во романскиот град Брашов во четвртокот вечерта, а десетици работници се наоѓаат под уранити, пренесува телевизијата TVR-1.
На местото на инцидентот пристигнале неколку возила на службата за итна медицинска помош, а петтемина настрадани се хоспитализирани во градската болница. Во тек е операција на потрага и извлекување на останатите работници во пекарницата. Државниот секретар во романското министерство за здравство, Раед Арафат, изјавил за новинарите дека под урнатините можеби има десетици луѓе.Додал дека истовремено пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот кој избувнал по експлозијата, а спасувачите се обидуваат да ги расчистат урнатините под кои можеби се наоѓаат луѓето.„Сé уште не знаеме колку луѓе може да има таму. Спасувачите ги расчистуваат урнатините“, рекол Арафат. Прецизирал, исто така, дека повредените биле во свесна состојба и можеле да комуницираат со лекарите.Според првичните податоци, се урнал дел од објектот во кој бил сместен мелничкиот оддел.Овој инцидент се случи нецела седмица откако ноќта кон саботата во ноќен клуб во романската престолнина Букурешт избувна пожар за време на рок концерт, во кој вкупно животите ги загубија 32 млади луѓе уште 200 беа повредени. Иронично, како што забележуваат романските медиуми, трагедијата којашто доведе до масовни протести и оставка на премиерот Виктор Понта, се случи во клубот „Colectiv“ кога романскиот хардрок бенд Goodbye to Gravity го промовирал својот нов албум под наслов „Денот кога ќе умреме“, пред околу 400 обожаватели./крај/мф/сн
Извор: TVR-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.
Регион
Oдиме на избори, рече Радев откако и третата партија го врати мандатот за состав на влада
„Алијансата за права и слободи“ (АПС) го прифати третиот мандат, но потоа го врати, што значи дека Бугарија оди на нови предвремени избори.
„Не случајно избрав да ви го врачам третиот мандат на вашата пратеничка група. АПС беше подложена на сериозен притисок“, изјави претседателот Румен Радев на почетокот од средбата.
Според шефот на државата, токму АПС најдобро ги разбирала пороците на актуелниот модел на владеење.
Хајри Садаков, претседател на пратеничката група на АПС, му се заблагодари на претседателот за довербата да им го врачи третиот мандат.
„Ние изодевме еден многу сложен пат“, нагласи Садаков, додавајќи дека АПС го слушнала гласот на луѓето од плоштадите. Тој истакна дека токму АПС први го кренале гласот против појавата што се наѕирала.
„Одиме на избори“, констатира Радев, откако и третиот мандат се покажа како неуспешен.
Регион
(Видео) Рама се пошегува за Црна Гора: „Подгорица може да стане новиот Брисел“
Албанскиот премиер Еди Рама учествуваше на панелот на Самитот „Недела на одржлив развој“ во Абу Даби, каде што, во својот препознатлив хумористичен и ироничен стил, даде низа коментари што го привлекоа вниманието на јавноста, анализираат медиумите во регионот.
Зборувајќи за амбицијата на Албанија да обезбеди енергетски суверенитет до 2028 година, Рама во еден момент му се обрати на модераторот на панелот, алудирајќи на Грција и нејзиниот однос со културното и филозофското наследство. Тој на шега рече дека „Грците често ги потценуваат другите нации, сметајќи дека имаат монопол врз филозофијата и дека се единствените наследници на Платон и Аристотел“, нагласувајќи дека, според него, тоа не е вистина.
Sarcasm of P.M Edi Rama has no end!!!
“Montenegro is the greatest and biggest country in the region. They gave 50 million citizens. We are small, but Montenegro is the one." pic.twitter.com/89zifCh2ih— Sami Flamuri🇦🇺🇦🇱 (@SamiFlamuri) January 15, 2026
Потоа, Рама се осврна и на Црна Гора. Тој истакна дека не сака да „го губи времето на Црна Гора“, но со иронични пофалби рече дека таа е „најголемата земја во регионот“ со „50 милиони жители“, додека Албанија, додаде тој, е мала земја.
Во овој дух, Рама рече дека, доколку Европската Унија остане далеку и не успее во процесот на проширување, „новиот Брисел“ може да стане Подгорица. Според него, во тој случај, Подгорица би била главен град за 500 милиони луѓе, а Црна Гора би била во самиот центар на Европа.
Албанскиот премиер користел сличен тон и претходно, за време на јавни настапи и меѓународни собири, кога зборувал за Црна Гора и регионот. Неговите коментари често се проткаени со хумор, сатирични споредби и политичка порака, особено кога зборува за застојот во европската интеграција на Западен Балкан, според написите.
Како што претходно истакнаа учесниците на ваквите состаноци, изјавите на Рама не треба да се сфаќаат буквално, туку како дел од неговиот препознатлив начин на комуникација, со кој тој го привлекува вниманието кон сериозни политички теми и проблеми во регионот преку шеги и метафори.

