Економија
Големи очекувања од утрешниот самит на ЕУ

Европските лидери утре во Брисел ќе го започнат вториот вонреден самит, од кој се очекува да произлезе сеопфатен договор со кој би се сопрела должничката криза во еврозоната, а неуспехот ќе има несогледиви последици за целата Европска унија, па и пошироко.
Европските лидери утре во Брисел ќе го започнат вториот вонреден самит, од кој се очекува да произлезе сеопфатен договор со кој би се сопрела должничката криза во еврозоната, а неуспехот ќе има несогледиви последици за целата Европска унија, па и пошироко.
Во последниве неколку денови беа одржани цела низа состаноци на повеќе нивоа, на кои се трагаше по решение за смирување на кризата. Во неделата вечер беа одржани два самита: најпрвин состанок на лидерите на сите 27 членки на ЕУ, а потоа и состанок на врвот на 17-те земји-членки на еврозоната. И утре исто така треба да се одржат два такви состаноци.
Контурите на можните решенија веќе се наѕираат, но до конечните одлуки треба да се одговори на уште многу прашања, заради што позитивниот исход на самитите не е гарантиран.
Сите држави се согласуваат дека треба да се најде одржливо решение за Грција со отпишување на дел од нејзиниот долг, дека треба да се докапитализираат банките за да можат да ги амортизираат загубите од грчките обврзници, како и да се зголеми заштитната моќ на европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ), за кризата да не се прошири и на други држави, пред се на Италија.
Во врска со олеснувањето на должничкиот товар на Грција, сега се разговара за ревизија на вториот пакет на помош, кој беше договорен на 21 јули. Тогаш на Грција и беа ветени уште 109 милијарди евра, а приватните доверители се согласија да отпишат 21 процент од своите побарувања.
Сега од приватниот сектор, од банките и од инвестициските фондови се бара да отпишат најмалку 50 проценти од своите побарувања, што наидува на отпор кај нив. Грчкиот јавен долг изнесува околу 350 милијарди евра, што 162 процента од нејзиниот БДП. Меѓутоа, со оглед на тоа дека банките поседуваат само една третина од грчките државни обврзници, а останатите две третини ги имаат ЕУ и ММФ, дури приватните институции и да прифатат простување на половината од своите побарувања, тоа би го намалило вкупниот грчки долг за само 22 проценти.
Згора на тоа, со банките мора да се постигне договор за „доброволно отпишување“, во спротивно би се активирале полисите за осигурување против банкрот, што би предизвикало хаос на финансиските пазари.
Според извештајот на ММФ, на Европската централна банка и на Европската комисија за одржливоста на грчкиот јавен долг, ако приватните доверители не се согласат на отпишување на половина од нивните побарувања, на Грција до 2021 година ќе и требаат 252 милијарди евра помош.
Околу докапитализацијата на банките постои согласност стапката на адекватност на капиталот да се покачи на девет, од сегашните пет проценти, за да можат банките да ги преживеат загубите од грчките обврзници. Вкупниот износ предвиден за докапитализација е фиксиран на 108 милијарди евра. До тие пари банките ќе можат да дојдат според следниот распоред: најпрвин треба самите да се обидат да ги најдат парите на финансиските пазари, ако тоа не успее ќе им се обратат на владите во нивните држави, а дури последна можност е да се обратат до ЕФСФ.
Најголемо двоумење има кај тоа како да се засили кредитната способност на ЕФСФ, а при тоа да не се зголемуваат гаранциите од државите членки. Германија, за сега, успева да го наметне својот став за исклучување на Европската централна банка (ЕЦБ)од процесот, на што инсистираше Франција. Париз бараше ЕФСФ да се регистрира како банка и да може неограничено да позајмува пари од ЕЦБ, додека германците не сакаа ниту да слушнат за тоа, затоа што тоа би значело печатење на многу пари и инфлација.
Во моментов во игра се две опции. Првата е ЕФСФ да им биде гарант на инвеститорите во случај на загуба од државните обврзници во висина од 20 до 30 проценти и на тој начин да се олесни финансирањето на државите кои имаат потешкотии. Тоа би функционирало така што на земјата која има проблеми и која се обидува да позајми пари на финансиските пазари за тоа да издаде обврзници, а кои тешко се продаваат затоа што инвеститорите не веруваат во способноста на одредената држава да ги врати долговите, ЕФСФ – наместо да ги купи тие обврзници – ќе и гарантира дека ќе покрие дел од можните загуби. Во пракса речиси никогаш не се случува инвеститорот да ги загуби сите пари кои ги позајмил, туку во случај на банкрот се договара со должникот за висината на процентот на отпишан долг. Ако ЕФСФ гарантира за, на пример, 30 проценти од долгот, тогаш инвеститорот во случај на отпишување на долгот во висина од 50 проценти, не би изгубил половина од парите, туку само 20 проценти.
Втората опција предвидува формирање на наменски инвестициски инструмент (СПВ), кој би се потпирал на ЕФСФ и кој би можел да ги привлече приватните инвеститори и државните фондови на растечките економии, како што се Кина и Бразил.
Каков и да биде моделот кој ќе биде избран, целта е кредитната способност на ЕФСФ, која изнесува 440 милијарди евра, да се зголеми неколку пати, при што се споменуваат суми од 1.000 до 2.500 милијарди евра.
Покрај сето тоа, европските партнери побараа од италијанскиот премиер Силвио Берлускони до среда да ја претстави програмата за стопански реформи и за намалување на дефицитот. Германската канцеларка Ангела Меркел и фрацускиот претседател Никола Саркози го предупредија Берлускони дека не е доволно само да се најават реформите, туку потребно е и да се спроведат, како и дека Италијанците прво треба самите да си помогнат, а потоа да бараат помош од други.
За возврат, ЕФСФ би можел превентивно да делува и на Италија да и помогне да се зајми на финансиските пазари под прифатливи услови.
Италија е трето најсилно стопанство во еврозоната, со голем долг од 1.900 милијарди евра, што е 120 проценти од нејзиниот БДП.
Пред самиот самит, германската канцеларка ќе мора за зголемувањето на заштитната моќ на ЕФСФ да добие поддршка од својот парламент, што додатно ги комплицира нештата. Првично беше предвидено за тоа да се изјасни само буџетската комисија на германскиот парламент, меѓутоа, накнадно беше одлучено за тоа да гласа целиот парламент. /крај/хина/сс/
Copyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, што се одржуваат во Вашингтон, оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ. На средбите присуствуваше и министерската за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Славески се сретна со заменик-директорот на ММФ Бо Ли, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер, извршниот директор Јерон Клик, заменик-директорите Марникс ван Рај и Владислав Рашкован и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили.
На средбите, високите претставници на ММФ го поздравија приклучувањето и реализацијата на првите трансакции во СЕПА, како и потпишувањето на Писмото на намери со Банката на Италија за развивање на клон на ТИПС системот на ЕЦБ за земјите од Западен Балкан за натамошна модернизација и овозможување инстант плаќања во домашните, меѓусебните прекугранични плаќања и плаќањата со другите земји во СЕПА.
На средбите се разговараше за најновите макроекономски случувања во земјата, како и за очекувањата за идните движења. Славески истакна дека Народната банка е цврсто посветена на одржувањето на ценовната стабилност, за што се осврна на мерките преземени од страна на централната банка во насока на остварувањето на оваа цел. Дополнително, гувернерот ги образложи новите макропрудентни мерки донесени од страна на Народната банка насочени кон понатамошно одржување на финансиската стабилност.
Претставниците на ММФ посочија дека прудентната монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и постепено намалување на инфлацијата, при што создава услови за стабилен економски раст, што се потврдува и со најновите проекции на ММФ за македонската економија, со очекуван растот годинава од 3,4%, а за следните години одржување на нивото околу 3%. Истовремено, инфлацијата се очекува во континуитет да продолжи да забавува и да се сведе на историското ниво од околу 2% на среден рок.
Во разговорите беше потврдена и континуираната успешна соработка меѓу Народната банка и ММФ. Во изминатиот период, преку техничките мисии на ММФ беа реализирани повеќе активности за модернизација на монетарните операции, подобрување на проекциите за ликвидноста на банкарскиот систем и зајакнување на супервизорските капацитети на Народната банка. Со тоа се зголеми ефикасноста и предвидливоста во спроведувањето на монетарната политика, како и отпорноста на банкарскиот систем на потенцијални ризици. Соработката со ММФ ќе продолжи и во наредниот период, со цел понатамошно усогласување со меѓународните стандарди и унапредување на аналитичките и оперативните капацитети на Народната банка.
Економија
Ѓорѓиевски: Регионалниот пристап за земјите од Западен Балкан е можност за раст на економиите и подобро позиционирање на европскиот пазар

Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваше на дводневната престижна конференција во Будва, Република Црна Гора организирана по 14 пат од страна на Стопанската комора на Црна Гора. Во рамките на конференциите ЕЕN – IFNNO на која покрај презентациите за европските проекти се остварија значајни контакти на групацијата за проекти при ССКМ со потенцијалните партнери и донатори од Европската Унија за идна соработка.
На маргините од првиот ден претседателот на ССКМ , Горан Ѓорѓиевски со делегацијата оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и води на Црна Гора, Владимир Јоковиќ. На средбата се потврди подготвеноста за соработка во aгро сегментот, заедничка соработка и споделување на искуства во развојот на руралниот туризам како неискористен потенцијал на двете земји. Се искажа подготвеност за заедничка соработка во аплицирањето на европските проекти како и соработката во споделување на искуства од страна на ССКМ со министерството за земјоделиe, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора.
Претседателот на ССКМ Ѓорѓиевски истакна дека идниот период потребно е двете земји да се фокусираат за зголемување на меѓусебната економска размена, развој на aгро сегментот, фокус на aгро и екотуризмот кој ќе доведе до успорување на миграцијата и намалување на притисокот во делот на човечките ресурси.
Покрај излагањето на врвни експерти за економија на конференцијата кои ги трасира идните чекори кон раст на регионот, на маргините од вториот ден Ѓорѓиевски оствари средба со претседателката на стопанската комора на Црна Гора, Нина Дракиќ, на која се предложија поголем број од иницијативи за развој на човечките ресурси како клучен елемент на идниот развој на бизнисите на двете земји, организирање на В2В состаноци во најзначајните економски сектори на двете земји, заеднички настап на европски проекти како и зајакнување на регионалниот пристап како клуч на успехот за економии на двете земји.
Ѓорѓиевски на средбата истакна дека во периодот пред нас потребно е да се изградат уште поцврсти мостови на соработка помеѓу двете бизнис комори во повеќе економски гранки од кои во следните години се очекува најзначаен удел во Бруто домашниот производ на Република Македонија и Република Црна Гора.
Економија
Електродистрибуција ја зајакнува нисконапонската мрежа со инвестиции над 10 милиони евра

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа.
Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа.
Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети старите столбови и проводници, како и инсталирани нови далечински уреди за мерење на нови локации.
Вкупната вредност на инвестициите за овој период изнесува 10,4 милиони евра, додека дополнителни 2 милиони евра се планирани до крајот на 2025 година. Со овие инвестиции, Електродистрибуција ја зајакнува дистрибутивната мрежа и поставува уште постабилна основа за понатамоштен развој на енергетскиот систем.
ПР