Македонија
По средбата Груевски-Папандреу: Не постојат преговори со црвени линии
Според грчки дипломатски извори, Папандреу на средбата му порачал на Груевски дека Грција посакува да има водечка ролја за интеграција на Балканот во Европската Унија до 2014-та, кога се одбележува сто годишнината од балканските војни
Неформална средба на премиерите на Македонија и Грција, по долги години замрзнати контакти на највисоко ниво. Премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу, денеска во Брисел имаа 15 минутна средба на која станало збор за решавање на долгогодишниот спор околу името.По средбата македонската влада соопшти дека изнаоѓањето заемно прифатливо решение за името останува есенцијално и за Македонија и за Грција, како и тоа дека двете земји ја потврдуваат нивната заложба за европска иднина на Балканот. Според грчки дипломатски извори, Папандреу на средбата му порачал на Груевски дека Грција посакува да има водечка ролја за интеграција на Балканот во Европската Унија до 2014-та година, кога се одбележува 100 годишнината од балканските војни. Грција, според извори во кабинетот на грчкиот премиер, посакува и Македонија да се приклучи на Унијата до 2014 та, но како што рекол Папандреу прв и основен услов за тоа е решение на спорот со името. Решавањето на билатералниот проблем е неопходно за Македонија да добие датум за почеток на преговори со името, а решението треба да биде име со географска одредница кое ќе важи за севкупна употреба. Истовремено, Папандреу порачал дека ако се реши проблемот со името двете земји може да развијат исклучително блиска соработка. На средбата Груевски – Папандреу не биле спомнувани подробности во врска со преговорите, ниту пак станало збор за евентуален референдум. Било заклучено преговорите да продолжат во Обединетите Нации, а од кабинетот на грчкиот премиер информираат дека нема никаква причина, ниту повод, двете земји директно да преговараат. Иницијативата на Папандреу за директна средба со Груевски, наспроти досегашниот ригиден став на Караманлис и неговата влада придонесуваат за подобра клима во преговорите и шанса тие да се решат без идеолошката оптовареност на грчката десница. Но и покрај иницијативата на Папандреу за европска иднина на Балканот и добрата волја за тет-а-тет средба, судејќи според информациите од кабинетот на грчкиот премиер, владата на ПАСОК не се повлекува ниту за милиметар од таканаречената црвена линија на Атина во преговорите, а тоа е едно име со географска одредница кое ќе важи ерга омнес, и блокада на евроатлантската интеграција на Македонија се додека не се изнајде решение за името. Сепак, влијателни колумнисти во грчкиот печат порачуваат дека не постојат преговори со црвени линии, што укажува дека опсегот на употребата на името кое би ја заменила референцата ФИРОМ ќе биде предмет на преговори со медијаторство на посредникот Метју Нимиц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

