Македонија
Соопштение на Општина Кисела Вода за труењето на децата во Драчево
Градоначалникот Марјан Ѓорчев го посети затруеното девојче, и побара од директорот на основното училиште „Рајко Жинзифов“ уште вечерва да се состане советот на родители, сите да бидат информирани и да се расчисти случајот
„Почитувани, во врска со случајот со учениците од ЦОУ “ Рајко Жинзифов” од населба Драчево, ве известуваме дека:На ден 17.09.2009 год. во училиштето имаше забележително отсуство на ученици од целодневната настава. Во текот на денот и мал број други деца кои утрото беа дојдени на настава, ја напуштија наставата. Во текот на вечерните часови директорот на училиштето добил сознание дека 14 ученици со своите родители побарале лекарска помош на Инфективната клиника. По извршениот преглед од страна на стручните лица од клиниката, 13 деца се пуштени дома, а едно е задржано на понатамошно лекување. Истовремено и една наставничка, покажала симптоми на труење, но по извршениот медицински преглед, истата е во добра здравствена состојба и е на домашно лекување. Вкупниот број на ученици кои не ја посетиле наставата вчера изнесува 63.На 18.09. 2009 од страна на училиштето, уште во раните утрински часови е известен Санитарниот инспекторат, по што веднаш пристигнаа во училиштето заедно со службени лица од Епидемиолшката служба. Земени се мостри за испитување, а земени се и брисеви од вработените лица од фирмата “Пудо Младост”, од Скопје, која ја врши доставата и предавањето на храната на учениците. Се до добивањто на конечните резултати од испитувањата, кујната е привремено затворена од Санитарниот инспекторат. ЦОУ “Рајко Жинзифов”, е краен корисник на услугите од фирмата, а за таа цел ја има отстапено кујната на добавувачот, за вршење на тековните активности во врска со дистрибуцијата на храната и нејзиното делење на учениците. Фирмата која врши дистрибуција на готовата храна е избрана согласно законските прописи, како најповолен понудувач на јавниот оглас од вкупно шест фирми кои аплицирале. Изборот го изврши Комисија составена од 7 члена ( 3 наставници, 2 родители-членови на училишниот одбор, и 2 претставници, од кои еден од Министерството за образование и еден од локалната самоуправа).Во текот на денешниот ден претставници од општина Кисела Вода го посетија ЦОУ “Рајко Жинзифов”, а градоначалникот Марјан Ѓорчев, беше на Инфективната клиника каде го посети девојчето кое е хоспитализирано, разговараше со родителите и со медицинскиот персонал. Притоа, директно се запозна со моменталната здравствена состојба на девојчето која според медицинскиот тим, е добра и со подобрена клиничка слика, при што веќе во наредниот период ќе биде пуштена дома.Вечерва, директорот на ЦОУ “Рајко Жинзифов”, свика Родителски Совет, на кој родителите ќе бидат директно запознаени со конкретната состојба, но истовремено ќе се апелира и на родителите на останатите деца кои се’ уште не биле на лекар, а имаат пројавено соодветни симптоми, тоа да го направат што побрзо.Градоначалникот Марјан Ѓорчев оствари контакт и со родителот на девојчето кое е хоспитализирано на Инфективната клиника и понуди секаква помош, која би била потребна за надминување на оваа ситуација. Контакт е оставрен и со наставничката која моменатлно се наоѓа во домашни услови и е во добра здравствена состојба.“, стои во соопштението на Општина Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

