Свет
Одложено разгледувањето на жалбата по пресудата Pussy Riot

Градскиот суд во Москва во понеделникот ја одложи до 10-ти октомври расправата по жалба против пресудата на членките на женската панк група Pussy Riot кои беа осудени на две години затвор за хулиганство во соборниот московски храм „Христос Спасителот“.
Оваа одлука е поврзан со тоа што една од обвинетите, Екатерина Самуцевич, се откажа од услугите не својата адвокатка, Виолета Волкова, со образложение дека има разијдување во нивните ставови за процесот. За што точно не се согласуваат клиентот и адвокатот, Самуцевич не појасни, меѓутоа побара да и’ се овозможи во процесот да ја застапува нов бранител, пренесува РИА Новости.
Другите обвинети во случајот не се противеа на промена на бранителот, објаснувајќи дека го „почитуваат ставот на Самуцевич“. Одбраната на обвинетите, исто така, не била против.
Од друга страна, оштетените сметаат дека промената на адвокатката е планирана акција со цел да се добие во време. Адвокатите на оштетените потсетуваат дека тоа е „пресилен и смешен изговор“ за одложување, што го користи одбраната на обвинетите во момент на разгледување на делото. Заштита на оштетените, исто така, истакнува дека, според адвокатскиот кодекс, бранителот мора да ги разделува ставовите со својот клиент, „за да не му се случи нешто чудно и смешно“.
Сепак, обвинителот сметаше дека со цел да се обезбеди заштита на правата Самуцевич, рочиштето треба да се одложи.
Судот и’ даде можност на Самуцевич да ангажира нов адвокат во процесот, а со тоа и заседанието на апелационата истанца се одложува за десет дена.
На 21-и февруари пет фанови и членките на Pussy Riot носејќи маски се втурнале во проповедалницата каде што е забранет влезот за несвештени лица и дошле до олтарот. Тие вклучиле засилувач и почнале да извикуваат навреди за свештенството и верниците, повикувајќи ја во нивната „панк молитва“ Мајката Божја да го земе кај себеси претседателот Владимир Путин. Тие тогаш не беа уапсени, но против нив беше подоцна подигнато обвинение за хулиганство. Видео од нивниот „настап“ беше објавен на интернет и предизвика голема јавна осуда во Русија.
Московскиот суд на 17-ти август го осуди 22-годишната Надежда Толоконикова, 24-годишната Марија Алохина и 30-годишната Екатерина Самуцевич ги проглас виновни и ги осуди на двегодишни затворски казни поради „хулигантство поттикнато од верска омраза“. Обвинителството бараше казна од најмалку три години затвор, додека максималната казна за вакви дела во рускиот правосуден систем изнесува седум години. Сепак, се смета дека на девојките може да им биде и пресудена, условна а не реална затворска казна.
Процесот Pussy Riot имаше силен одек во светот и пресудата предизвика силни критики од западните земји.Советодавната комисија за човекови права на Кремљ ја критикуваше кон крајот на август пресудата за трите членки на руската панк група Pussy Riot на двегодишни затворски, поставувајќи ги прашањата зошто обвинетите се осудени на идентични казни, а две од нив имаат малолетни деца? Зошто не им се одредени условни казни? Толоконикова има четирогодишна ќерка, а Алхина е самохрана мајка на петгодишен син.
Руската православна црква се заложи за благост при изрекувањето на пресудата, но сепак нагласи дека не ја доведува во прашање легитимноста на одлуката на судот.
Самиот претседател Путин на почетокот од август изјави дека не е за строго казнување на трите девојки од панк групата Pussy Riot. „Тоа што го сторија не е добро. Сепак, не мислам дека треба престрого да им се суди за она што го сториле“, изјави Путин како реакција на овој случај./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕК: Секоја од нашите земји-членки може привремено да ја укине забраната за летови на авионот на Путин

Најавената средба меѓу претседателите на САД и Русија во Будимпешта е добредојдена ако може да доведе до праведен и траен мир во Украина, изјави денес портпаролот на Европската Комисија.
„Ја поздравуваме оваа средба ако помогне во постигнувањето на траен и праведен мир во Украина“, изјави портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во следните две недели.
Во врска со логистичките прашања околу пристигнувањето на рускиот претседател во Будимпешта, Комисијата објасни дека секоја земја-членка може по исклучок да одобри отстапување од забраната за влез во европскиот воздушен простор за руски авиони.
Портпаролката на Комисијата, Анита Хипер, изјави дека како дел од санкциите против рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, средствата во ЕУ се замрзнати, но нема и забрана за влез на територијата на ЕУ.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година за воени злосторства поврзани со нелегалната депортација на украински деца.
Унгарија веќе беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во април оваа година, за кого МКС исто така издаде налог за апсење. После тоа, унгарската влада информираше дека се повлекува од тој суд.
Сепак, според статутот на МКС, Унгарија сè уште е должна да го уапси Путин бидејќи повлекувањето од судот стапува на сила една година откако генералниот секретар на ОН беше известен.
Во унгарскиот случај, тоа е јуни 2026 година.
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денес изјави дека Будимпешта ќе обезбеди Путин непречено да влезе на нејзина територија со цел средба со Трамп и дека успешно ќе се врати во Русија.
фото:принтскрин
Свет
ОН: Потребно е време за да се намали гладот во Појасот Газа

Обединетите нации во петокот објавија дека ќе биде потребно време за да се намали гладот во Појасот Газа и повикаа на отворање на сите премини кон воено разурнатата палестинска територија.
– Ќе биде потребно извесно време за да се намали гладот - изјави портпаролката на Светската програма за храна на ОН (WFP) Абер Етефа на прес-конференција во Женева.
Светската програма за храна на ОН испорачуваше просечно 560 тони храна во Газа дневно од почетокот на прекинот на огнот, но ова е сè уште под она што е потребно, рече Абер Етефа.
– Сè уште сме под она што ни треба, но стигнуваме до таму. Прекинот на огнот отвори тесен прозорец на можности, а WFP се движи многу брзо и успешно кон зголемување на помошта за храна – изјави Етефа за новинарите, пренесува Ројтерс.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Многу работи треба да се договорат пред самитот Путин-Трамп

Кремљ во петокот соопшти дека самитот меѓу претседателот Владимир Путин и Доналд Трамп би можел да се одржи во рок од две недели или малку подоцна, но дека има многу работи што треба да се договорат пред да се одреди датум.
Трамп и Путин во четвртокот се согласија да одржат втор самит за војната во Украина, привремено закажан во Будимпешта, по состанокот на 15 август во Алјаска кој не донесе напредок.
Изненадувачката најава дојде пред состанокот меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, и во време кога Вашингтон размислува да го снабдува Киев со крстосувачки ракети Томахавк.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе мора да договорат меѓусебен состанок за да решат голем број прашања пред самитот.
– Има многу прашања, треба да се утврдат преговарачките тимови и така натаму. Затоа, сè ќе се прави во фази, но, се разбира, волјата на претседателот е тука – рече Песков.
– (Самитот) навистина би можел да се одржи во рок од две недели или малку подоцна. Постои општо разбирање дека ништо не треба да се одложува – рече тој.
Песков нагласи дека Русија останува отворена за мирно решение за ставање крај на војната во Украина.
Русија ги обвинува Киев и неговите европски сојузници за одложување на мировните преговори. Тие, пак, ја обвинуваат дека поставува неприфатливи барања и изјавија дека не веруваат дека Путин е сериозен во врска со постигнувањето мир.
Кремљ одделно соопшти дека Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговарале по телефон во петокот за претстојниот самит и дека Орбан рекол дека Унгарија е подготвена да биде домаќин на настанот, пренесува Ројтерс.
Фото: принтскрин