Македонија
„Кроација осигурување“ ја прошири дејноста во Македонија
Водечката хрватска осигурителна куќа „ Кроација осигурување“ од денеска ја прошири дејноста на македонскиот пазар
Водечката хрватска осигурителна куќа „ Кроација осигурување“ од денеска ја прошири дејноста на македонскиот пазар преку Друштво за неживотно осигурување.
Станува збор за инвестицја од 3,25 милиони евра, а новата компанија најавува дека на пазарот ќе понуди атрактивна лепеза на осигурителни производи.
На свеченоста во Скопје претставен е тимот кој ќе ја води новата компанија, предводен од Драган Лазарески, кој истакна дека македонскиот пазар на осигурување е сè уште незаситен, пред сè поради фактот дека македонскиот граѓанин троши просечно 65 евра годишно на осигурување.
„Амбицијата на компанијата е да стане лидер на македонскиот пазар низ континуирано подобрување на понудата и вложување во развој на високо квалитетни услуги и производи“, истакна Лазарески.
Во Македонија „Кроација осигурување“ е присутна од 2005 година преку компанијата Кроација осигурување А.Д. – животно осигурување, кое работи само во полето на животното осигурување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

