Регион
Почина поранешниот командант на војската на Српска краина, Миле Мркшиќ
Поранешниот командант на војската на Српска краина, Миле Мркшиќ почина во неделата во затвор во Португалија, каде се наоѓаше по пресудата на Хашкиот трибуна, објави Радио телевизија Србија.
Неговата ќерка, Марија, во писмо до медиумите претходно наведе дека нејзиниот татко од 22 јули се наоѓа во затворската болница, каде било утврдено дека боледува од карцином на белите дробови.Потпретседателот на владата на Србија, Расим Љаиќ во саботата најави дека на 17 август ќе побара Мркшиќ да биде итно пуштен во Србија на лекување. Мркшиќ е роден во 1947 година во Вргинмост, а како офицер на ЈНА учествувал во битката за Вуковар во 1991 година. После тоа е унапреден во генерал мајор на ЈНА, а во мај 1995 година станал врховен командант на вопјската на Српска краина.Се пензионирал по поразот во август истата година. Во 1995 е обвинет пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија како одговорен за масовно убиство на повеќе од 260 лица во Овчара. Доброволно се предал на Хашкиот трибунал на 15 мај 2002 година истиот ден е префрлен во притвор. Судењето почна во октомври 2005 година, а на 27 септември судскиот совет на Хашкиот трибунал го осуди Мркшиќ на 20 години затвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
Утрово во 07:42 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.
Регион
Црна Гора воведува седумчасовно работно време
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.
-Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични.