Свет
Либискиот министер за полиција поднесе оставка

Либискиот министер за внатрешни работи ал-Абиди поднел оставка во вторникот доцна навечер и го поддржал бунтот против режимот на Гадафи, јавува катарската телевизиска мрежа Al Jazeera, пренесува Reuters
Панарапската сателитска телевизија емитувала снимка на либискиот министер Абдел Фатах Јунес ал-Абиди како чита изјава во која меѓу другото ја повикува либиската армија да го поддржи народот во неговите, како рекол – легитимни барања.„Со ова објавувам дека ги напуштив своите обврски како одговор на револуција од 17-ти февруари, врз основа на сопствените убедувања и легитимноста на нејзините барања. Ја повикувам либиската армија да му служи на народот и да ја поддржи револуцијата од 17-ти февруари“, изјавил ал-Абиди.Западните агенции повикувајќи се на локалните медиуми пренесуваат дека либиската армија разместила големи единици во градот Сабратах, 80 километри западно од престолнината Триполи. Информативниот интернет портал Quryna во вторникот навечер пренесе дека војската е разместена во овој град откако демонстрантите ги уништиле речиси сите објекти на безбедносните служби. Биле запалени канцелариите на криминалистичката истрага и на ткн. Револуционерниот комитет. Притоа биле уништени сите портрети на либискиот водач Моамер ел-Гадафи. Според официјалните податоци во бунтот против режимот на Гадафи загинале 242 цивили и 58 војници. Неофицијалните податоци, пак, говорат за над 500 загианти и околу четири илјади ранети. Половината од настраданите се од Бенгази, вториот по големина град кој се наоѓа илјада километри источно од Триполи кој беше центар на бунтот. Во овој пристанишен град до доцна вечерта се’ уште не евакуирани беа околу 30 македонски државјанин од Куманово./крај/аа/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Илјадници вработени во лондонското метро штрајкуваат со глад поради платите

Илјадници вработени во лондонското метро денеска почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток.
Транзитниот оператор „Транспорт за Лондон“ објави дека од имало прекин во системот за испорака на услуги и дека се очекува малку или воопшто да нема возови да сообраќаат од понеделник до четврток .
Компанијата вели дека им понудила на вработените зголемување на платите од 3,4 проценти, но синдикатот се уште инсистира на намалување на работната недела од 35 часа на 32 часа, што компанијата вели дека не може да си го дозволи.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата.
Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив од таа генерација и парови со мали деца. На првата миса за канонизација на светци од почетокот на неговото папство, Лав канонизираше и друг Италијанец кој почина млад, свештеникот Џорџо Фрасати.
Ватиканот соопшти дека 36 кардинали, 270 епископи и стотици свештеници се пријавиле да присуствуваат на мисата со папата Лав во почит и кон епархијата и кон обичните верници.
Двете церемонии беа закажани за почетокот на оваа година, но беа одложени поради смртта на папата Франциско во април. Франциско се залагаше за канонизација на Акутис, убеден дека на црквата ѝ се потребни такви луѓе за да привлече млади католици, а истовремено да покаже дека обрнува внимание на ветувањата и опасностите од дигиталното доба.
Акутис беше роден на 3 мај 1991 година во Лондон, во богато, но не строго католичко семејство. Семејството се преселило во Милано кратко време по неговото раѓање, а неговото детство било обележано со сè посилна религиозна посветеност.
Момчето покажало особен интерес за компјутерските науки и го добило прекарот „инфлуенсер на Бога“ благодарение на најголемото технолошко наследство што го оставил зад себе – повеќејазична веб-страница што ги документирала таканаречените евхаристиски чуда признати од црквата – проект што го имплементирал во време кога развојот на ваквите страници го правеле професионалци.
Во октомври 2006 година, на 15-годишна возраст, Акутис се разболел и му била дијагностицирана акутна леукемија. Починал во рок од неколку дена.
Постапката за канонизација на Акутис била брза, бидејќи епархијата видела дека тој станува исклучително популарен меѓу младите католици, кои го гледале како современ модел.
Фрасати, другиот светец канонизиран денес, е роден во 1901 година и починал во 1925 година.
Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.