Економија
КХВ ја одобри петта емисија на акции за „Сава Табак„

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ја одобри петтата емисија на акции на АД за осигурување “Сава Табак“ Скопје по пат на приватна понуда.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ја одобри петтата емисија на акции на АД за осигурување “Сава Табак“ Скопје по пат на приватна понуда. Станува збор за 5.000 обични акции со продажна цена од 500 евра по акција и вкупен износ на емисијата од 2,5 милиони евра. Петтата емисија на акции на друштвото се врши со нови влогови и е наменета за институционалниот инвеститор – постојан акционер „Позаваровалница САВА„ Д.Д. Љубљана, Република Словенија. Зголемувањето на основната главнина, „Сава Табак“ го врши заради подобрување на финансиското работење и зајакнување на позицијата на друштвото на осигурителниот пазар. Исто така, Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое „Илирика“ ДЗУ, д.о.о. Љубљана доби согласност да стекне квалификувано учество во друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопје.На овој начин, „Илирика“ ДЗУ, д.о.о. Љубљана има намера да се стекне дополнително со 20.000 акции и со нив ќе поседува 70 проценти од вкупно издадените акции на друштвото.Во моментов, „Илирика“ ДЗУ, д.о.о. Љубљана поседува 15.000 обични акции во „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопјe, што претставува 50 проценти од вкупниот капитал на друштвото. Добивањето согласност за квалификувано учество е чекор на друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопје за отпочнување на постапка за докапитализација, односно за зголемување на основната главнина./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.