Свет
Руски авион се урна недалеку од Москва
Авион од типот Тупољев(Ту 204) со осумчлен екипаж нешто после полноќ се урна недалеку од аеродромот “Домодедово“ во Москва.
Авион од типот Тупољев(Ту 204) со осумчлен екипаж нешто после полноќ се урна недалеку од аеродромот “Домодедово“ во Москва.
Според првичните информации двомоторниот авион со среден долет и со 200 седишта требало да пристигне од Египет но поради неуспешното слетување се срушил недалеку од аеродромот Домодедово.
Во московскиот центар за вонредни ситуации биле хоспитализирани четири лица кои го преживеале неуспешното слетување на авионот кој завршил во шумски предел на еден километар пред почетокот на пистата.
Авионот со вкупно осум членови на екипажот изведувал технички лет од египетското одморалиште Хургада и во него немало патници.
Според аеродромските власти, авионот се срушил и се распаднал, но немало ниту пожар ниту експлозија./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија за Гренланд: Арктикот е наш интерес, внимателно ги следиме драматичните изјави на Трамп
Соединетите Американски Држави немаат тековни планови да го зголемат своето воено присуство на Гренланд, соопшти американската амбасада во Копенхаген откога идниот американски претседател Доналд Трамп го обнови интересот за преземање на арктичкиот остров.
Кремљ објави дека многу внимателно ја следи драматичната реторика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани со анексија на Гренланд, данска територија географски лоцирана на Арктикот, каде што Русија има предност.
„Арктикот е област на нашите национални интереси, ние многу внимателно го следиме прилично драматичниот развој на ситуацијата, која, фала богу, досега остана на ниво на изјави“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија сака да ги одржи мирот и стабилноста таму.
Трамп, кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари, оваа недела рече дека американската контрола на стратешки важниот арктички остров е апсолутна неопходност и дека не ја исклучува употребата на воена или економска акција.
„Нема планови за зголемување на сегашното воено присуство на САД на Гренланд“, изјави портпаролот на амбасадата за „Ројтерс“. „Ќе продолжиме тесно да работиме со Копенхаген за да се осигуриме дека сите предлози ги задоволуваат нашите заеднички безбедносни потреби.
Гренланд е од клучно значење за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети имајќи предвид дека низ островот минува најкраткиот пат од Европа до Северна Америка. Американската војска има постојано присуство во воздухопловната база „Питуфику“ во северозападниот дел на Гренланд.
Свет
Пензионери во Полска шверцувале дрога вредна речиси 950.000 евра
Двајца пензионери се приведени во Полска откако со караван се обиделе да прошверцуваат дрога вредна четири милиони злоти (околу 950.000 евра) од Шпанија во Полска.
Според соопштението на полската полиција, тие посетиле многу места на пат низ Европа, а во еден од шпанските градови, освен разгледување и сончање, купиле и речиси 60 килограми марихуана, која ја сокриле во камп приколка, пренесува агенцијата ПАП.
Во близина на Варшава, полицијата го запрела нивното возило и по темелно пребарување, во ѕидовите на приколката пронашла вреќи со марихуана.
Свет
Џо Бајден стана прадедо
Aмериканскиот претседател Џо Бајден стана прадедо.
Неговата внука Наоми Бајден (31) се породи во средата во Калифорнија.
„Добрата вест е што од денес јас сум прадедо“, им рече Бајден (82) на собраните новинари во Калифорнија. Тој додал дека внуката родила девојче тешко 4,6 килограми, но бргу зајакнала и рекол „момче е“.
Неговата сопруга Џил Бајден на „Инстаграм“ ја објави нивната прва заедничка фотографија со внукот.
„Горди сме што ве запознаваме со нашиот правнук“, напиша 73-годишната Џил на „Инстаграм“.
Наоми е ќерка на синот на Бајден, Хантер, и неговата поранешна сопруга Кетлин Буле.