Контакт

Екологија

Годината 2014-та најтоплата од почетокот на мерењата

Објавено пред

Десетте досегашни месеци од оваа 2014 година биле секој поединечно најтоплите забележани на планетава од почетокот на следењето на температурите во 1880 година, објави во четвртокот американската Национална океанска и атмосферска агенција, објавувајќи ги податоците за октомври.
 

dobivaj vesti na viber

Октомври бил најтоплиот од 1880 година и исто така 38-от октомври со ред во текот на кој температурата во светот била над просечната во XX век и достигнала 14,74 Целзиусови степени.

За периодот од јануари до октомври 2014 година просечната температура на површината на океаните и копното изнесувала 10,3 односно била 1,5 степени повисока од просечната температура во минатиот век.

Овој октомври, исто така, бил третиот последователен месец и петти во шесте последни месеци со рекордна температура.

Овие повисоки температури се резултат на топлиот воздух на целата планета на површината на копното и светскиот океан, подеднакво и на северната и на јужната полутопка.

Јужната полутопка во октомври забележала рекордни температури на копното, особено во јужниот дел од Латинска Америка и на западот и југот на Австралија. На северната полутопка овој октомври беше третиот најтоплиот месец во аналите.

Јужните делови од европскиот континент, крајбрежните региони на западот од САД и поголемиот дел од крајниот исток на Русија го имаа најтоплиот октомври.

Централните делови на Сибир во текот на истиот период забележале температури 4 до 5 степени пониски од просечните.

Температурата на површината на океаните во октомври 2014 година била највисоката кога и да е забележана во овој месец и 0,62 Целзиусови степени над просекот за ХХ век./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Час за планетата Земја: Исклучете ги светлата точно во 20.30 часот

Објавено пред

Во рамките на кампањата „Часот на планетата Земја“ ширум светот, од 20:30 до 21:30 часот ќе биде исклучено светлото, јавното и украсното осветлување на еден час. Ова е една од најголемите планетарни иницијативи за зачувување на природата и животната средина, која е поддржана од 190 земји.

dobivaj vesti na viber

Акцијата „Час на планетата“ започна во Сиднеј во 2007 година и секоја година добиваше се поголема поддршка низ светот. Еден час се исклучува јавното осветлување каде што е можно, украсното осветлување, се гасат светилките во компаниите, како и во домаќинствата.

Се проценува дека во тој час светот заштедува од 10 до 12 проценти од електричната енергија. Акцијата повикува на рационална потрошувачка на енергија, но целта на вклучувањето во акција е многу поширока. Пораката е да се сврти вниманието кон потрошувачката на природните ресурси.

Од Светската организација за природа истакнуваат дека и годинава нема многу отстапување од минатогодишниот концепт. Светската организација за заштита на природата располага со податоци за состојбата со природните ресурси, флората и фауната. А тие податоци се загрижувачки. Природните ресурси што планетата ги обновува за да ги користиме за период од една година, ние ги трошиме уште во првата половина од годината.

За тоа сведочи нашиот пристап кон природата, девастацијата на шумите, трошењето вода, сето тоа за да ја претвориме земјата во земјоделско земјиште и да добиеме храна. Потоа фрламе околу 40 отсто од храната произведена во светот.

Решенијата се во човекот и треба да почнеме да размислуваме за тоа дека оваа планета треба да им ја оставиме на генерациите што доаѓаат и да се однесуваме поодговорно. Да почнеме да размислуваме дека не сме единствените на планетата, е пораката на оваа глобална акција.

Прикажи повеќе...

Екологија

Јапонија воведува билети за искачување на планината Фуџи

Објавено пред

Почнувајќи од ова лето, посетителите на планината Фуџи ќе треба да платат за да пешачат една од маршрутите нагоре по познатата планина.

dobivaj vesti na viber

Јапонската влада одлучи да воведе нови ограничувања за посетителите на една од нејзините главни атракции во обид да го заштити местото од прекумерен туризам.

Планината Фуџи доживеа бум во бројот на посетители, што со себе донесе загриженост за прекумерното количество фрлено ѓубре и загрозената безбедност на планинарите. За да помогнат во чистењето на планината и зачувување на нејзината животна средина, јапонските власти воведоа такса и дневна капа за посетителите долж најпопуларната патека.

Почнувајќи од ова лето, поточно на 1 јули 2024 година, посетителите на планината Фуџи ќе мора да платат за да пешачат една од маршрутите долж познатата планина. Патеката Јошида е најпопуларното искачување поради неговиот лесен пристап од Токио и зачестеноста на планинските колиби на патот кои нудат сместување и оброци.

Јапонската префектурална влада Јаманаши, која ги надгледува планинарските активности на светското наследство на УНЕСКО, сметаше дека е неопходно да воведе патарина за заштита на животната средина. Исто така, со цел да се намали гужвата, ќе се применува дневен лимит на бројот на луѓе на кои им е дозволено да се искачуваат на планината преку патеката Јошида.

Ќе бидат дозволени 4.000 планинари дневно. 70 дена во годината, колку трае летната сезона на качување. Дополнително, забрането ќе биде искачувањето на планината во периодот од 16:00 до 02:00 часот.

Според извештаите од јапонската влада, патеката Јошида минатата година забележала „невиден број“ планинари, а сличен број се очекува и оваа година. Во 2023 година вкупно 221.322 планинари се искачиле на планината Фуџи, а повеќе од половина одлучиле да го користат самата патека.Јошида.

Зголемувањето на бројот на посетители доведе до таложење на фрлено ѓубре покрај патеката, како и до сообраќаен метеж што резултираше со несреќи и повреди. Исто така, постои загриженост за неискусните планинари кои се обидуваат да ја поминат патеката и се наоѓаат во тешкотии во близина на врвот каде што има помалку капацитети.

Официјалните лица се уште не откриваат колкава ќе биде таксата, но велат дека сумата ќе биде објавена наскоро. Планот е да се постави капија на влезот на патеката Јошида каде ќе се наплаќаат патарини. Властите велат дека приходите ќе бидат искористени за изградба на засолништа долж патеката за употреба во случај на вулканска ерупција и за одржување на патеката за пешачење.

Од 2014 година, планинарите кои се искачуваат на планината Фуџи преку која било од нејзините рути се охрабруваат доброволно да платат 1.000 јуани (6,2 евра) по лице за да го зачуваат местото.

Оваа популарна рута започнува на петтата станица на Фуџи Субару, обезбедувајќи пристапен почеток на авантурата. Патувањето до врвот на планината обично трае помеѓу пет и седум часа и се протега на околу шест километри, што ја прави оваа патека совршена за оние кои бараат предизвик, но и достапна за широк спектар на планинари.

Искачувањето до планината Фуџи е особено магично поради можноста да се доживее изгрејсонцето од врвот, што многумина го сметаат за врв на нивната посета. По должината на патеката, планинарите можат да се восхитуваат на бројни светилишта и симболи на јапонската култура, уживајќи во комбинацијата на природни чуда и културно наследство. Глетките од планината се спектакуларни, особено погледот кон кратерот и околните пејзажи.

По исцрпувачкото, но задоволувачко искачување, планинарите често се релаксираат во локалните ресторани каде што можат да пробаат традиционални јапонски јадења, како и термални бањи кои се совршени за обновување на мускулите. Пешачењето на планината Фуџи преку патеката Јошида е искуство кое комбинира физички предизвик, духовно збогатување и интимно искуство со природата, оставајќи траен впечаток на секој што ќе се осмели да се впушти во оваа авантура.

Прикажи повеќе...

Екологија

Инфлуенсери копаат по контејнери и го продаваат пронајденото

Објавено пред

Иако за многу луѓе ширум светот копањето по контејнери е единствениот начин да преживеат, се чини дека на социјалните мрежи се појави нов феномен каде што се поголем број на инфлуенсери „копаат“ во контејнери – а тоа е тренд познат како „дампсер дајвинг“ (нуркање на контејнери).

dobivaj vesti na viber

Овој тренд се однесува на луѓе, главно инфлуенсери кои откако ќе „копаат“ низ контејнерите, покажуваат што пронашле во нив – од козметика до дизајнерски работи.

На социјалната мрежа ТикТок има голем број видеа во кои корисниците влегуваат во контејнери зад големи продавници во потрага по употребливи предмети. И хаштагот #DumpsterDiving има повеќе од 4,4 милијарди прегледи на ТикТок, што дополнително ја потврдува неговата популарност.

Иако поголемиот дел од таквите инфлуенсери денес живеат со препродажба на овие артикли, тие дури ја подигнуваат свеста за непотребното создавање отпад, бидејќи различните малопродажни корпорации секојдневно уништуваат стотици илјади употребливи производи.

Тифани Шири, ТикТокерка од Тексас од Америка, има три милиони следбеници на кои им ги покажува своите пребарувања по работи во контејнерите зад американските продавници за малопродажба. Почнала да „нурка во контејнер“ на крајот на 2017 година, а токму тогаш пронашла шминка и разни производи вредни 1.200 долари. Набрзо сфатила дека ваквото хоби може да ѝ донесе огромен профит – а останатото е историја. Таа моментално со овој тренд заработува и до 1.000 долари неделно, а благодарение на препродажбата на пронајдените производи, Тифани живее удобен живот.

Солти Стела е уште една ТикТокерка, која моментално има повеќе од 1,2 милиони следбеници. Живее и од препродажба на предмети од контејнери, но многу е лута што ја фрла употребливата храна. Од сокови, грицки, супи, тестенини и газирани пијалоци, често сите во еден контејнер.

Ана Сакс, Тиктокерка од Њујорк, која има повеќе од 400.000 следбеници, на платформата е позната како „Трешвокер“. Таа често споделува видеа од фрлени производи што ги наоѓа, а често наоѓа дизајнерски чанти, скапи палта, фотоапарати и козметика за жени.

Таа често привлекува внимание на отпадот во нејзиниот град и им предлага на сите на интернет да донираат или рециклираат стоки наместо да ги фрлаат. Таа повика и на создавање закон со кој продавниците ќе се обврзат да не ги фрлаат средствата за хигиена, туку да ги донираат во прифатилишта за бездомници.

Трендот „Dampster diving“ е легален во Америка, па затоа е одржлива практика која не само што заработува пари, туку и го намалува отпадот. Со споделување на нивните искуства поврзани со овој тренд, инфлуенсерите ги инспирираат другите да размислуваат за влијанието на нивната потрошувачка и навики врз животната средина.

Сепак, важно е да се напомене дека „Dampster diving“ не е решение за горливиот проблем со отпадот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје –...

Македонија40 минути

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет1 час

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање на поагресивен став како одговор на руските кибер напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави...

Свет1 час

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет2 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет3 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија21 час

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија22 часа

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...

Европа3 дена

Главниот советник на Зеленски поднесе оставка

Андриј Јермак, моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка. Оставката дојде откако агенти од Националното биро...

Свет3 дена

Трамп му ги предава окупираните украински територии на Путин, пишува Телеграф

САД наводно се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и другите окупирани украински територии со цел да се...

Македонија3 дена

Во мусаката од првата смена пронајдени бактерии, истите откриени и на чешмите во училиштето „Димо Хаџи Димов“

По стомачните тегоби кај десетици ученици во „Димо Хаџи Димов“, инспекциите утврдија нехигиена на чешмите во училниците и кујната. На...