Свет
Судовите се најекспедитивни кога се во прашање новинарите
Само
во последниве неколку месеци се осудени неколку новинари на условни затворски
казни или на астрономски суми парични казни
Новинарите
тврдат дека се жртви на притисоци и на обиди за замолчување
Само
во последниве неколку месеци се осудени неколку новинари на условни затворски
казни или на астрономски суми парични казни
Судовите во земјава се особено експедитивни кога им судат
на новинарите обвинети за делата клевета и навреда. Само во последниве неколку
месеци осудени се неколку новинари на условни затворски казни или на
астрономски суми парични казни. Новинарката на Канал 5 телевизија Ида Протугер
пред извесно време е осудена на три месеци условна затворска казна затоа што во
прилог за Еуростандард банката објавила дека нејзин сопственик е актуелниот
градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Протугер, заедно со уште неколкумина
колеги-новинари од други куќи кои делат иста или слична судбина со неа, вчера
одржа прес-конференција на која беа презентирани случаите.
"Колку е ефикасно судството кога станува збор
за новинарите можете да видите и од овој случај. Јас сум шокирана од одлуката
на судот бидејќи воопшто не беа земени предвид доказите кои му беа презентирани
од моја страна. Беше цитиран и претходно објавен текст во дневниот печат, па
дури имав и изјава од премиерот Бучковски во која тој укажува дека Костовски е
сопственик на банката", изјави Протугер. Таа за случајот ги информирала
Европската асоцијација на новинари, ОБСЕ и странските амбасади во земјава.
Новинарката на "Вест" Александра
Стојановска неодамна била приведена од полицијата во 4 часот наутро, како
резултат на тужбата од министерот за здравство Владо Димов. Нејзиниот грев бил
што објавила оти Димов набавил ласерски нож од компанијата "Реплек".
Вели дека тужителите и се заканувале оти нема да се откажат се додека не замине
в затвор.
Лилјана Ѓорѓиева од Сител била експресно осудена на
парична казна од 63 илјади денари за објавен прилог за педијатар од Кратово,
кој е и претседател на општинската организација на СДСМ во овој град. Таа тврди
дека судењето не го водел судијата, туку адвокатот на тужителот кој притоа ја
навредувал и неа и целата професија. Слично со судот поминала и Мирјана Панова
од "Канал 5", а патем по еден прилог за случувањата во државната
клиника, случајно или не и бил уништен и автомобилот.
Новинарката на "Вечер" Виолета
Цветковска, која се соочуваа со слични судски процеси оценува дека
"експедитивноста на судовите во земјава се прекршува врз новинарите.
Наместо да се судат луѓето кои прават криминал или проневери, се судат
оние кои пишуваат на тие теми", вели Цветковска.
Како куриозитет, новинарите на вчерашниот прес
информираа дека во голем дел од случаите во кои новинарите се осудувани, како
застапник на тужителите се јавува адвокатската канцеларија Поленак. Главниот
уредник на Канал 5, Ацо Кабранов укажа на поврзаноста на релација бизнисмени-
адвокати-судии и побара праведно судење за новинарите и елиминирање на ваквите
спреги.
Споменатите новинари досега не добиле никаква
поддршка од Здружението на новинари на Македонија, ниту пак некој оттаму
покажал интерес за нивните случаи. Последна активност на ЗНМ која ја паметат
новинарите беше протестот пред МВР во времето кога министер беше Љубе Бошкоски.
(Б.Г.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.
Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.
Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.
Свет
„Мета“ брише профили во Австралија: „Ги преземаме сите чекори за да се усогласиме со законот“
„Мета“ деактивираше повеќе од половина милион профили во Австралија како резултат на првата забрана во светот за социјални медиуми за лица под 16 години, објави компанијата денес.
„Мета“ соопшти дека затворила 544.052 профили за кои верува дека ги користеле лица под 16 години помеѓу 4 и 11 декември 2025 година. Ова вклучува 330.639 сметки на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“ и 39.916 на социјалната мрежа „Тредс“.
Според новиот закон, кој стапи на сила на 10 декември, лицата под 16 години повеќе не смеат да имаат свои сметки на 10 главни платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги „Тикток“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“. На компаниите им е дадена една година да спроведат мерки за верификација на возраста, а прекршоците се соочуваат со високи казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари).
„Мета“ рече дека континуираното почитување на законот ќе биде „повеќеслоен процес“ што ќе продолжи да се развива. „Иако нашите загрижености во врска со проверката на возраста преку интернет без индустриски стандард остануваат“, соопшти компанијата во блог пост. „Како што веќе наведовме, „Мета“ е посветена на исполнување на своите обврски за усогласеност и презема потребни чекори за да остане во согласност со законот“, додаде компанијата.
„Мета“ ја повика австралиската влада „конструктивно да се ангажира со индустријата за да се најде подобар пат напред, како што е охрабрување на целата индустрија да ја подигне летвата во обезбедувањето безбедни, пријателски настроени кон приватноста и соодветни на возраста онлајн искуства, наместо генерални забрани“.
Продавниците за апликации треба да бидат обврзани да ја потврдат возраста и да добијат родителска согласност пред децата дури и да можат да преземат апликација, велат од „Мета“.
„Ова е единствениот начин да се гарантира конзистентна заштита на младите луѓе низ целата индустрија, без оглед на тоа кои апликации ги користат, и да се избегне ефектот на задоцнување од новите апликации на кои тинејџерите ќе мигрираат за да го заобиколат законот за забрана на социјалните медиуми“, предупреди „Мета“.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

