Спорт
Олиќ ги врати надежите на Баерн
Ивица Олиќ ги подгреа надежите на Баерн Минхен дека можеби и ќе се квалификуваат во нок аут фазата од лигата на шампионите откако Јувентус беше поразен од Бордо во вчерашниот натпревар од петтото коло
Баерн Минхен минимално со голот на Ивица Олиќ во 62-та минута ја совлада Макаби Хаифа, и сега се наоѓа на само бод пред Јувентус кој изгуби од тимот на Бордо со конечен резултат од 2:0. „Мислам дека за квалификување сега шансите се 50-50“ изјави тренерот на Баерн, Луис Ван Гал.Јувентус пак е во многу незгодна позиција откако го претрпе првиот пораз во лигата на шампионите оваа сезона, од тимот на Бордо.Фернандо во 54-та минута го постигна првиот гол, а Шаман вториот во судиското продолжение од второто полувреме. „Жал ми е за овој пораз. Имам сеуште надеж дека ќе се квалификување во последниот натпревар. Ќе играме на домашен терен и нема да се задоволиме со нерешен резултат.“ изјави Чиро Ферара. ЦСКА Москва со пресврт дојде до трите бода во натпреварот против Волфсбург, и си ги задржа шансите за пласман во нок аут фазата.Един Џеко во 19-та минута го доведе Волфсбург во водство, а во второто полувреме Томаш Нецид и Милош Красиќ погодија за победа и три бода за ЦСКА. Волфсбург и ЦСКА имаат по 7 бода на табелата пред Манчестер Јунајтед со 10 бода.Манчестер пак изгуби од Бешикташ во натпревар кој ништо не смени за „црвените ѓаволи“. Тимот на Сер Алекс Фергусон остана на првата позиција во групата Б.Милан и Олимпик Марсеј одиграа нерешено во Милано. Бориело погоди за водство на Милан во 10-та минута а Гонзалез израмни по само 6 минути.Единствениот гол на Игуаин беше сосема доволен за Реал Мадрид да ги освои трите бода од натпреварот против ФК Цирих. Реал се наоѓа на првото место во Ц со 10 бода.АПОЕЛ Никозија и Атлетико Мадрид одиграа реми со резултат 1:1 во Никозија. Миросавлевиќ ги доведе домаќините во водство уште во 5-та минута, а Симао израмни во 65-та.И двата тима немаат никакви шанси за продолжување на натпреварувањето во Лигата на шампионите, но ќе се борат за Европа лигата. Челзи со единствениот гол од Анелка обезбеди нови три гола на гостувањето против Порто, и убедлива предност пред останатите конкуренти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

