Свет
Министрите не треба да имаат имунитет

Имунитетот на министрите, на судиите и на членовите на државниот судски совет, изборот на врховниот обвинител и пробниот мандат на судиите се забелешките на Државната комисија за спречување на корупцијата за предложените уставни измени.
АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ
Имунитетот на министрите, на судиите и на членовите на државниот судски совет, изборот на врховниот обвинител и пробниот мандат на судиите се забелешките на Државната комисија за спречување на корупцијата за предложените уставни измени. Според комисијата, министрите, судиите и членовите на Државниот судски совет не треба да уживаат имунитет.
– Одземањето на имунитетот на министрите е и препорака на Групата држави за спречување на корупцијата (ГРЕКО). Судиите не треба да уживаат посебен имунитет, бидејќи нивната заштита веќе е гарантирана со уставниот амандман дека тие не може да бидат кривично гонети, лишени од слобода, притворени или повикани на граѓанско-правна одговорност за мислењето и одлучувањето при донесување судски одлуки – сметаат во комисијата.
Антикорупциската комисија е против предлогот Собранието по предлог на Владата да го назначува државниот обвинител. Според комисијата, со тоа се доведува во сомнение независноста на тој функционер во гонењето на криминалот и од можноста од влијание на извршната власт.
Комисијата не го поддржува ниту предлогот за пробен мандат на судиите бидејќи временското ограничување на нивниот мандат не било во функција на зацврстување на независниот статус на судиската функција.
За антикорупциската комисија е неприфатливо и членството по функција на министерот на правда и на претседателот на Врховниот суд во Државниот судски совет, бидејќи телото треба да биде независно и без влијание на извршната власт. Комисијата наведува дека во уставите на некои земји е изрично забрането тие да членуваат во ваквите тела поради неспоивост на фунциите. Во комисијата предлагаат бројот на членовите на државниот судски совет од редот на судиите да се зголеми за тоа тело да може да ја оствари својата улога во судството и државата. Според комисијата, надлежноста и начинот на работа на државниот судски совет треба да се уреди со посебен закон.
Антикорупциската комисија го поддржала амандманот со кој се предлага полесните прекршоци да преминат во надлежност на други државни органи бидејќи судовите ќе се растоварат од огромен број предмети и ќе се зголеми нивната ефикасност. (Н.Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.
Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.