Европа
Идентификуван е третиот самоубиец од масакрот во париската сала Bataclan

Французин, на 23-годишна возраст, која кон крајот на 2013 година патувал во Сирија, е идентификуван како третиот напаѓач самоубиец во концертната сала „Bataclan“, каде беше извршен најголемиот масакр во рамките на нападите од 13-ти септември кога во Париз беа убиени 130 луѓе.
Според извор близок на истрагата, станува збор за џихадистот Фуад Мухамед Ахад, кој живеел во Стразбур, а отпатувал во Сирија со братот и група пријатели. Повеќето од нив биле приведени во пролетта 2014 година, по враќањето во Франција, но тој останал во Сирија, според полициски извори.
Властите на Франција и на Белгија водат интензивни потраги но досеа не успеаја да го уапсат Салах Абдеслам, кој е единствениот преживеан кој директно се поврзува со терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 луѓе. Белгиските власти распишаа потерница и по Мохамед Абрини, кој бил забележан со Абдеслам два дена пред напаадите, на 11-ти ноември, на автопатот Брисел – Париз.
Сите девет осомничени за париските напади имаат француско државјанство.
Во нападот на концертната сала „Batclan“, каде се убиени 89 луѓе, учествувал 29-годишниот Омар Исмаил Мосефаи кој пукал врз публиката на концертот а потоа се разнесол со појас на бомбаш самоубиец, Роден е на 21-ви ноември 198 година во Франција, и неговото досие содржи осум пресуди за мали престапи. Меѓутоа, никогаш не ја издржувал казната во затвор. Радикален исламист станал слушајќи ги проповедите во џамијата Шартр во 2010 година. Во евиденцијата на полицијата се појавува под разделот „напад врз безбедноста на државата“. Истрагата се сомнева дека двапати патувал во Сирија. Идентификуван е според отпечатоците на прстите најдени на местото на нападот
Сами Амимур, 28-годишен, е роден во Париз, а живеел во департманот Сен-Сен-Дени, Воспитуван во семејство кое не практикувало ислам. Работел како возач на автобус во градскиот сообраќај. Во 2012 година бил под истрага за заговор со уште две лица кои планирале напад. Бил должен редовно да се јавува во полицијата, но последните две години, оваа препорака ја запоставил. Патувал во Сирија во 2014 година, а по него заминал и татко му, кој го убедувал да ги „напушти редовите на сириските герилци“.
Третиот терористи чии остатоци беа пронајдени во концертната сала, на 9-ти декемвир беше идентификуван како Фуад Мухамед Ахад.
Меѓу бомбашите кај стадионот „Stade de France“ едниот дејствувал под лажно име Ахмад ал-Мухамед. Пасош на тоа име, кој бил издаден во Сирија, полицијата го пронајден крај мртвото тело на напаѓач кој не е идентификуван со вистинскиот идентитет. Истрагата, сепак, успеа да го утврди неговото патување низ Европа. Успеал да се инфилтрира во бранот бегалци од Сирија и минал редица земји на ткн балканска рута од Грција до Хрватска, со лажните документи. Истрагата истражува и информација дека до Франција патувал во придружба на уште едно лице.
Билал Хадфи, 20-годишник, исто така, се разнесол кај стадионот. Имал француско државјанство, а живеле во Белгија, во бриселското предградие Недер-овер-Хеембек. Се задоил со радикални ставови во пролетта 2014 година. Поставувал фотографии на социјалните мрежи со оружје во раце.
Името на третиот бомбаш самоубиец кај стадионот не е познато. Се разнесол кај блискиот ресторан „Macdonald`s“
Во нападите на париските кафулиња и ресторани како учесник е идентификуван Брахим Адбеслам, 31 година. Жител на Белгија со француски пасош. Кај него полициските органи никогаш не забележале радикално настроение. Пред две години бил сопственик на кафуле во проблематичниот белгиски кварт Моленбек, каде што живеат доселеници, претежно од Мароко и другите земји од северна Африка. Бил косопственик со брат му Салах Абдеслам, Брахим се разнел во бар на улицата „Волтер“.
Салах Абдеслам, 26-годишен, веројатно е осмиот учесник во терористичките напади и осомничен како стратег на операцијата. Француски државјанин роден во Брисел, а живеел во предградието Моленбек. Се верува дека тој ги изнајмил двата автомобила кои ги користеле терористите да дојдат до целите. Следниот ден по нападите бил запрен во рамките на рутинска контрола, но не бил приведен. Сега по него се трага по потерница.
Полицијата, исто така, трага и по деветто лице кое учествувало во нападите. Се претпоставува дека тој ги возел терористите кои пукаа на терасите од градските кафулиња./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“, која се одржува со денови во близина на источните граници на НАТО.
🤡 Putin shows up at the "Zapad-2025" exercises in military uniform. pic.twitter.com/7ZbNNJE1qN
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) September 16, 2025
Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека 100.000 војници учествуваат во маневрите на 41 полигон за обука на копно и море, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема.
100,000 troops are participating in the Zapad 2025 exercise near NATO borders, war criminal Putin said.
He visited the Mulino training ground in the Nizhny Novgorod region.
During these maneuvers, 100,000 servicemen were involved at 41 land and sea training grounds, 333… pic.twitter.com/UBFNgrVEB3
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 16, 2025
Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројките покажуваат значително поголема мобилизација.
Европа
Главниот осомничен во случајот со Меди Мекен одбива да разговара со британската полиција

Главниот осомничен за исчезнувањето на Мадлен Мекен, Кристијан Б., одби да разговара со британската полиција пред неговото ослободување од затвор. Германскиот државјанин, познат под својот псевдоним поради законите за приватност, се очекува да биде ослободен во среда по отслужување казна за силување на постара жена во Праја да Луз во 2005 година, објави Скај њуз.
Полицијата се надева на пробив во истрагата
Британските истражители се надеваа дека 49-годишникот конечно ќе може да зборува за исчезнувањето на тригодишното девојче од португалско одморалиште во 2007 година, во клучен развој на долготрајната истрага. Метрополитенската полиција потврди дека му испратила „меѓународен допис со барање“ за разговор, но тој одби.
Мадлен исчезна од својот апартман кратко откако нејзините родители, Кејт и Гери Мекан, ја оставија да спие додека вечерале во блискиот ресторан. И покрај неговото одбивање да соработува, Мет потврди дека Кристијан Б. останува клучен осомничен во нивната истрага, која се спроведува со португалските и германските власти. Самиот Кристијан Б. претходно негираше каква било вмешаност во случајот.
Истрагата продолжува и покрај одбивањето
Главниот детектив, инспекторот Марк Кренвел, виш истражен службеник, рече дека полицијата ќе „продолжи да ги бара сите веродостојни траги“ и покрај неуспехот да разговара со Кристијан Б.
„Тесно соработувавме со нашите колеги од полицијата во Германија и Португалија со години за да го истражиме исчезнувањето на Мадлен Мекан и да го поддржиме семејството на Мадлен во разбирањето што се случило…“, рече Кренвел.
„Побаравме да разговараме со овој осомничен од Германија, но, од правни причини, ова може да се направи само преку меѓународно писмо за барање кое е поднесено. Осомничениот последователно одби. Во отсуство на разговор, сепак ќе продолжиме да ги бараме сите веродостојни траги.“
Со текот на годините, властите спроведоа серија претреси, најновиот во јуни во близина на португалската општина Лагос. Во 2023 година, истражителите ја пребараа областа околу резервоарот Барагем до Араде, на околу 50 километри од Праја да Луз, каде што Кристијан Б престојувал помеѓу 2000 и 2017 година и каде што фотографирал и снимил видеа.
Минатиот октомври, германски суд го ослободи Кристијан Б. од обвиненијата за неповрзани сексуални престапи што наводно се случиле во Португалија помеѓу 2000 и 2017 година. Вкупните трошоци за истрагата на Метрополитенската полиција, позната како Операција Grange, од 2011 година надминаа 13,2 милиони фунти, откако во април беа одобрени дополнителни 108.000 фунти владино финансирање.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Зеленски: Имаме решение за руските дронови, подготвени сме да го споделиме со НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нагласи важноста на дроновите во одбраната на неговата земја од руска инвазија, истовремено нудејќи поддршка на НАТО во одвраќањето на руските беспилотни летала.
„Најефикасните санкции, санкциите што се најбрзи, се пожари во руските рафинерии за нафта, на нивните терминали и на складиштата за нафта“, рече тој во своето вечерно обраќање, осврнувајќи се на серијата украински напади со беспилотни летала насочени кон рускиот нафтен сектор. Тој рече дека нападите биле болни за Москва и дека ќе влијаат и на воените напори на Русија. Нападите „значително ја ограничиле руската нафтена индустрија, а тоа значително ја ограничува војната“, рече Зеленски.
Today I want to especially thank all our warriors who are inflicting truly significant losses on Russia. Losses at the front. Losses along the border. Losses on Russia’s own territory thanks to our long-range strikes. The most effective sanctions – the ones that work the fastest… pic.twitter.com/tOdd6xkqqD
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 14, 2025
Украина во ноќта кон неделата нападна една од најголемите руски рафинерии во градот Кириши, 110 километри југоисточно од Санкт Петербург. Пред официјалната потврда за нападот, на социјалните мрежи веќе почнаа да кружат слики и видеа на кои се гледаат големи пламени над рафинеријата.
Зеленски рече дека Украина е подготвена да го сподели своето искуство во одбивањето на нападите од руските беспилотни летала со НАТО, наведувајќи го неодамнешното навлегување на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор пред неколку дена и неодамнешниот инцидент со руски беспилотен авион над Романија.
„Подготвени сме да ги обучиме сите партнери во оваа одбрана“, рече Зеленски. „Сите гледаат дека Русите бараат начини да ја прошират војната на територијата на Полска и балтичките држави, а руската војска ја тестира и Романија.“
Иако НАТО има ефикасно одбранбено оружје, тој рече дека Украина развила „многу поекономични, помасовни и систематски решенија“.
фото: принтскрин