Европа
Арбузов: Украина ‘наскоро' ќе ја потпише спогодба со ЕУ
Украина наскоро ќе ја потпише спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, изјави во четвртокот навечер во Брисел првиот потпретседател на украинската влада Сергеј Арбузов на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување и соседски политики, Штефан Филе.
Меѓутоа, Арбузов не сакал да го открие датумот или крајниот рок до кој Украина би ја потпишала спогодбата со Европската унија. „Украина наскоро ќе ја потпише спогодбата за асоцијацијата за придружување на ЕУ, земајќи ги превид националните стратешки интереси“, рече Арбузов. Според него Украина „има политичка волја“ за потпишување на договорот.
Неименуван дипломатски извор од Брисел во меѓувреме за РИА Новости изјавил дека, функционерите на Европската унија се надеваат дека договорот за придружување со Украина ќе биде потпишан наредната 2014 година на билатерален состанок на врвот.
Првиот вицепремиер на владата на украинскиот премиер Микола Азаров по разговорот со Штефан Фуле, за медиумите изјави дека со Фуле разговарале за планот за спроведување на договорот чие потпишување украинската влада и претседателот Виктор Јанукович се реши да го суспендира, како што образложи поради тешката економска состојба во земјата, договорот за придружување со ЕУ што беше повод за двонеделните протести на опозицијата којашто бара оставки од него и од владата.
Арбузов во Брисел допатува со делегација на високо ниво, којашто образложува зашто ѝ на Украина ѝ се неопходни повеќе милијарди евра помош од ЕУ во замена за потпишување на договорот со унијата.
Арбузов минатата сабота изјави дека Украина во текот на подготовките за потпишувањето на спогодбата за придружување со Европската унија очекувала да добие Брисел многу поамбициозни заеми од оние коишто на крајот биле договорени. „Нам ни беа понудени (од ЕУ) 610 милиони долари, а според нашите пресметки, на Украина ѝ беше потребно да добие можност за задолжување од најмалку 10 милијарди евра“, изјави Арбузов истакнувајќи дека неколку седмици пред потпишувањето на спогодбата за придружување и слободна трговија меѓу Украина и Европската унија, на самитот Источно партнерство кој кон крајот на ноември се одржа во Вилнус, трговската размена меѓу Украина и Русија се намалила за 25 отсто. Според Арбузов, откако биле разгледани натамошните последици од влошувањето на трговските и економските односи со Русија, владата се убедила дека не е можно самостојно да се справи со ситуацијата и дека пакетот мерки разработен заедно со Европската унија не е доволен за да го поддржи платежниот баланс на земјата.
Еврокомесарот Штефан Фуле вети во четвртокот поголема помош за Киев, како и дека ќе му помогне да договори заем од Меѓународниот монетарен фонд, но не прецизираше бројки. По повеќечасовните разговори со Арбузов, Фуле предупреди дека на Украина ѝ се заканува финансиска криза.
„Треба да ѝ помогнеме на Украина брзо да ја обнови довербата, не само на своите граѓани, туку и на меѓународните инвеститори и кредитори како стабилна и предвидлива економија“, изјави Фуле.
„Тоа е договор за асоцијација, 610 милиони евра се одвоени за Украина како техничка помош. Почнувајќи од 2010 година. Три години по ред оваа бонбона во убаво пакување ни ја покажуваа и ни велеа: можете да ги добиете кога ќе потпишете договор со ММФ. Не сакам да се изразувам грубо, но не смеат така да нé понижуваат. Ние сме сериозна земја, европска“, рече пред Јанукович.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович уште пред одржувањето на самитот во Вилнус кога владата ја соопшти одлуката за привремено суспендирање на подготовките за потпишување на спогодбата рече дека ги смета понижувачки условите од Европската унија за доделување на финансиска помош на неговата земја. Јанукович на 26-ти ноември во своето телевизиско обраќање изјави дека условите од финансиската помош од Европската унија се срамотни, како и дека тој за трговскиот договор со ЕУ размислувал дури доколку тој им договара на интересите на Украина.
Јанукович во говорот пренесуван на телевизијата „1+1“ изјави дека ЕУ понудила помош во износ од 610 милиони евра и го поврзала со украинското согласување на нов договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој поставил неприфатливи услови.
„Тоа е договор за асоцијација, 610 милиони евра се одвоени за Украина како техничка помош. Почнувајќи од 2010 година. Три години по ред оваа бонбона во убаво пакување ни ја покажуваа и ни велеа: можете да ги добиете кога ќе потпишете договор со ММФ. Не сакам да се изразувам грубо, но не смеат така да нé понижуваат. Ние сме сериозна земја, европска“, рече Јанукович.
И премиерот Микола Азаров претходно истиот ден го обвини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека, пред потпишувањето на договорот со ЕУ, ги заострил условите за одобрување на кредит. „ММФ не сфаќа во каква економска состојба е Украина. Да не сакавме да го решиме судирот со Русија, би морале да се соочиме со економска катастрофа“, тврди украинскиот премиер.
Украина очекува да ја продолжи соработката со ММФ и во рамките на новата програма да привлече финансии во износ од 15 милијарди американски долари. Рокот на претходната кредитна програма на Фондот за Украина, која започна во 2010 година, истече во декември 2012 година. Според украинската влада, на 20-ти ноември добила писмо во кое ММФ за одобрување на кредитот побарал зголемување на тарифите на природниот гас за населението,замрзнување на платите, намалување на буџетските расходи… Според Јанукович, владата никогаш нема да се согласи со таквите услови од ММФ
На Украина ѝ се неопходни околу 20 милијарди европска помош дека за да може да го потпише договорот за придружување со Европската унија што би ги ограничело последиците од спогодбата врз нејзината економија, изјави претходно во средата премиерот Микола Азаров. Додаде дека неговата влада предлага решение на проблемот за финансиската помош на Украина при што е дефинирана приближната сума на 20 милијарди евра./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани
Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.
Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.
„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.
Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.
Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.
Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.
Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.
Европа
(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око
Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.
Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.
„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL
Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.
Европа
Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина
Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.
Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.
Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.
Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.

