Контакт

Надворешна политика

Јанкулоска: Македонија ја искажа својата солидарност при неодамнешните поплави во регионот

Објавено пред

Република Македонија го препознава значењето од соработката помеѓу државите заради превенција од нови ризици, како и намалување на постојните. Како и многу пати до сега, ние ја искажавме својата солидарност при неодамнешните поплави во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Бугарија кои предизвикаа загуба на човечки животи и големи материјални штети, преку обезбедување на несебична и навремена  пријателска помош.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи којшто во организација на италијанското претседателство со ЕУ во вторник се одржува во Милано, а во врска со меѓународниот документ – “Рамка за намалување на ризици од катастрофи по 2015 година“.

 

На средбата со своите европски колеги тематски насловена како “Градење на систем за отпор кој катастрофи на нациите и заедниците“, министерката Јанкулоска потенцираше дека во рамките на Владата на Република Македонија формиран е Центарот за управување со кризи кој ги координира националните активности кои произлегуваат од обврските од Рамката за акција од Хјого (2005-2015).

 

Истовремено, наведениот Центар е определен за Национална контакт точка за соработка со Меѓународната стратегија за намалување на ризици од катастрофи (ISDR). Така воспоставениот систем за управување со кризи, според Јанкулоска, ги координира силите и ресурсите на државата, се со цел навремена помош на населението при кризни состојби, почнувајќи од превентивното дејствување, преку раното предупредување, па до справувањето со кризи.

 

Покрај ова, министерката Јанкулоска говорејќи за Националната платформа за намалување на ризиците од катастрофи, посочи дека во таа насока не помалку е важен и процесот на одржлив развој.

 

“Поради тоа и препораките на ООН конкретно се однесуваат на доближување на овие два кампуса преку заедничко планирање, размена на информации и знаења и заедничко дејствување. Во оваа насока Република Македонија во 2010 година донесе Национална стратегија за одржлив развој која вклучува три взаемно зависни и испреплетени димензии: економска димензија, димензија на животната средина и социјална димензија. Воедно, како земја членка на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Република Македонија е целосно вклучена и во политиките на Европската Унија за намалување на ризиците од катастрофи“, нагласи меѓу другото министерката Јанкулоска. /крај/со/мф

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ7 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија7 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија9 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија9 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија11 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион23 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет1 ден

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија1 ден

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија1 ден

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ1 ден

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ1 ден

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија1 ден

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија1 ден

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 ден

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 ден

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 ден

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...