Спорт
Арсенал сигурен на „Аптон парк“
Во последниот саботен меч од 23-то коло на англискиот фудбалски шампионат лондонските „топчии“ извојуваа лесна гостинска победа од 3:0 кај Вест хем
За разлика од мечот на двата противника од есенскиот дел кога на својот стадион „Емирати“ Арсенал славеше со 1:0 со голот Сонг постигнат дури во 88. минута, во саботата фудбалерите на Арсен Венгер многу полесно дојдоа до 13-та победа во првенството на Англија. Холандскиот репрезентативец Робин ван Перси беше двоен стрелец, во 13 и во 77. минута од пенал, а во меѓувреме се’ подобриот Тио Волкот врз кого и беше направана најстрогата казна, зголеми на 2:0 во 41. минута.На врвот од табелата на Премиершип моментално е Манчестер сити кој го совлада претходно со 4:3 Вулверхемптон и има 45 бодови од 23 мечеви, а втор е Манчестер јунајтед со 44 бодови но од 20 натпревари, а Арсенал сега е трет со 43 бодови од 22 меча, колку што има одиграно и Челзи кој има пет бодови помалку на четвртата позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

