Македонија
МЗ: Идејата за акредитација на здравствените установи е стара
Министерството за здравство позитивно ја оценува идејата за воведување систем за акредитација на здравствените установи, но од таму додаваат дека МЗ веќе почна со процесот на воведување на системот за акредитација на болниците.
Министерството за здравство позитивно ја оценува идејата за воведување систем за акредитација на здравствените установи, но од таму додаваат дека МЗ веќе почна со процесот на воведување на системот за акредитација на болниците.
„Реализацијата на овој проект на Министерството за здравство веќе е во поодмината фаза. Дефинирани се неопходните стандарди за квалитет, кои треба да ги исполнат болниците. Со тие стандарди се запознаени сите јавни и приватни болници во земјава, со што почнаа да течат роковите за нивно исполнување“ се вели во соопштението на Министерството за здравство./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион
Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.
Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар.
„Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот“, велат од ЦУК.
Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Македонија
Низ државава се вози по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња
Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35 и 7 години доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес. Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.