Контакт

Европа

Паѓа популарноста на Меркел

Објавено пред

Популарноста на германската канцеларката Ангела Меркел значително паднала поради начините на кои управува со бегалската криза, покажаа две анкети објавени во саботата, укажувајќи истовремено и на промената на расположението на Германија кон рекордниот прилив бегалци во нивната земја.

dobivaj vesti na viber

Коалициските партнери во Баварија, главната влезна тока за повеќето имигранти, и некои европски соседи ја обвинуваат германската канцеларка Ангела Меркел дека го предизвикала бегалскиот бран, бидејќи на бегалците од Сирија едноставно ги покани да дојдат во Германија.

Во анкетата објавена во списанието Der Spiegel, популарноста на Меркел споредено со периодот пред три месеца падната за 5 отсто, и изнесува 63 отсто.

Првпат во нејзиниот трет последователен мандат, водечкиот функционер од коалициските партнери Социјалдемократската партија (SPD) е најпопуларен германски политичар. Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер има поддршка од 67 отсто од испитаниците.

Популарноста на челникот на Христијанско-социјалната унија (CSU), Хорст Зехофер, баварскиот сојузник на Христијанско-демократската унија (CDU) на Меркел, кој смета дека таа згрешила пуштајќи ги сириските бегалци од Унгарија во Германија, пораснала за 4-процнетни поени и сега изнесува 44 отсто.

Втората анкета на јавната телевизија ZDF покажува дека популарноста на канцеларката паднала на 1,9 од 2,4 пред две седмици, на скалата од – 5 до 5./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Убиен украински командант; Зеленски: Ќе одговориме за овој напад

Објавено пред

Во руски ракетен напад врз Хуљајпоље во областа Дњепропетровска беше убиен командантот на 110-та посебна механизирана бригада на Украина, Сергеј Захаревич, а ранети се уште 30 други, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Руската војска го нападна вчера округот Камјански, каде што се наоѓа селото Хуљајпоље, соопшти гувернерот Сергеј Лисак. Хуљајпоље, со население од околу 1.200 жители пред војната, се наоѓа во западниот дел на областа Дњепропетровска, на околу 70 километри од линијата на фронтот.

„Секако ќе им одговориме на Русите за овој напад“, објави Зеленски, додавајќи дека во моментов е во тек истрага за рускиот напад и дека чека извештај од воената команда.

Захаревич дипломирал на Одесскиот институт на копнените сили. Во февруари оваа година, тој беше назначен за командант на 110-та посебна механизирана бригада. Пред тоа, тој беше заменик-командант на 33-та механизирана бригада.

Тој учествуваше во неколку борбени мисии на фронтот. „Нашата армија изгуби уште еден претставник на новата генерација украински офицери кои пораснаа во битка и станаа модели на храброст и проактивно воено лидерство“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин сака странските валути да се вратат во Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се отвора вратата за нови странски инвестиции на руските финансиски пазари, вклучително и од земји што Москва ги смета за „непријателски“, објави Блумберг.

dobivaj vesti na viber

Според декретот, новите инвеститори од странство ќе можат да инвестираат во руски хартии од вредност без да мора да ги чуваат своите пари на блокирани сметки од типот Ц.

Наместо тоа, ќе им биде дозволено да користат таканаречени ИН сметки, преку кои можат слободно да повлекуваат профит, објавува Блумберг.

Старите инвеститори сè уште се под блокада
Оваа промена се однесува исклучиво на новите инвеститори. Средствата што веќе се замрзнати, вклучувајќи десетици милијарди долари странски инвестиции, остануваат заробени во системот за контрола на капиталот, предупредува Блумберг.

Русија воведе строга контрола на капиталот по почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а декретот е јасно насочен кон привлекување нова странска валута во земјата, во време кога санкциите и растечките фискални притисоци се оптоваруваат со руските финансии.

Блумберг неодамна објави дека ситуацијата во руската економија е посериозна отколку што признаваат властите и дека постои реален ризик од системска криза во банкарскиот сектор во наредната година.

Во исто време, Ројтерс пишува дека властите во Москва охрабруваат постепена девалвација на рубљата кон ниво од околу 100 рубли за еден американски долар со цел да се зголемат приходите во државниот буџет. Гувернерката на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина, неодамна предупреди дека ресурсите што ја одржуваа економијата на површина во последните две години се исцрпени.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Објавено пред

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Околу 13:00 часот по московско време, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород за време на планиран воена лет. Додека се приближуваше кон слетување, се појави дефект. Екипажот неколку пати се обиде да го поправи дефектот во лет, но ситуацијата не се промени. Затоа, го однесоа авионот на безбедно место и се катапултираа“, се вели во соопштението на министерството.

Авионот не носел муниција и паднал во ненаселена област.

Иако првичните извештаи покажаа дека двајцата членови на екипажот преживеале, рускиот медиум „Маш“ подоцна објави дека еден од членовите на екипажот починал од повредите. Според извештаите, тој паднал на дрво откако се катапултирал.

Канал на Телеграм поврзан со руските воздухопловни сили, исто така ја објави несреќата. „Денес, авион Су-34 се урна во регионот Нижни Новгород. Навигаторот почина. Да леташ засекогаш, брате“, напиша каналот, објавувајќи видео од последните моменти пред падот на авионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија56 минути

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија5 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија7 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија8 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ8 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија8 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија10 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија10 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија10 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет12 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет13 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет14 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија14 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет15 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет15 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа16 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ1 ден

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...