Регион
Србија ќе се обрати до ЕУ бидејќи Хрватска не и' го враќа имотот на СФРЈ

Новиот шеф на српската Група за сукцесија на имотот на поранешната СФРЈ, Оливер Антиќ најави дека ќе се обрати на ЕУ и другите институции затоа што Хрватска не им го враќа името на српските банки и фирми кои во времето на поранешната заедничка држава работеле на нејзина територија
Оливер Антиќ професор од белградскиот Правен факултет, кој покрај што е претседател на Групата за сукцесија на имотот на СФРЈ е и советник на претседателот на Србија, за весникот Данас објаснува дека станува збор за имот опфатен со договорот за сукцесија од 2011 година.
„И на Европската унија и на сите други мораме да им испратиме писма бидејќи Хрватска не го применува договорот кој се однесува на враќање на приватниот имотот. Приватната сопственост е светост на Западот и во ЕУ“, вели Антиќ.
Објаснува дека станува збор за огромен имот на српските банки и претпријатија кој останал во Хрватска, а не е вратен и покрај тоа што на 19-ти јуни 2001 година е склучен Виенскиот договор за прашањата што се однесуваат на сукцесијата на некогашната држава, чиј дела и „анексот Г, кој се однесува на имотот и стекнатите права“ и тој договор, како што тврди Антиќ, сега мора да се применува.
Брз основа на Виенскиот договор, тогашната СР Југославија во 2002 година го усвои Законот за потврдување за прашањата за сукцесија, а бидејќи станува збор за закон, за него веќе нема преговарања, туку треба да се применува.
„Хрватска, за жал, ни до денес не го примени, а претходните преговарачи со тоа воопшто не се занимавале“, вели Антиќ.
Антиќ минатата седмица го презема раководењето со Грипата за сукцесија и веднаш најави ревизија на тој процес, за Србија да врати дека од имотот кој се согласи претходно да им го отстапи на другите поранешни југословенски републики. Но за Данас тој оценува дека „ревизија е груб збор“, односно дека станува збор за „коригирање на некои одлуки“.
Смета дека Србија треба да побара некои објекти назад, а на државите на кои им се доделени за возврат треба да им отстапи друг имот со слична вредност, и да доплати „доколку разликата во вредноста“ изнесува околу 300 илјади евра.
Србија веќе има подготвено експертски извештај за вредноста на објектите коишто се предмет на сукцесија и „тоа е еден од критериумите при одлучувањето при распределбата, но не е исклучив критериум“, бидејќи според Антиќ треба да се земе предвид и вредноста кои одредени објекти ги имаат за српската страна, независно од нивната материјална вредност.
Антиќ минатата седмица изјави дека „Србија во претходниот период во процесот на сукцесија во многу случаи се однесувала недомаќински, и тоа сега ќе го промени“/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Реков дека нема помилување и се чувствував лошо, ова се наши деца

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека можеби ќе помилува некои од уапсените студенти, иако пред неколку дена изјави дека нема да го стори тоа.
„Размислував за тоа пред неколку дена. Реков дека нема да има помилувања и се чувствував лошо. Ова се наши деца, можам да им помогнам. Можам да одам подалеку од мојот збор за да ги спасам животите на другите, бидејќи така како што размислуваат, нема да можат да најдат работа никаде. Ќе им остане дамка до крајот на животот“, рече Вучиќ, според Нова.рс.
Тој нагласи дека е претседател и на оние луѓе кои велат дека тој е дилер на дрога и дека неговиот татко не е негов татко. „Јас морам да се грижам за нив“, забележа тој, додавајќи дека тие паднале под влијание на „пропагандната телевизија на криминалец“.
Вучиќ се обрати во неделата, еден ден по масовниот студентски протест во центарот на Белград.
„Седум месеци терор се случуваат од група луѓе кои го зедоа законот во свои раце. Обвинителството мора да си ја заврши работата, доаѓа време за одговорност. Нема да потпишам помилувања, никаква аболиција“, рече тој во таа пригода.
Регион
Санторини и Миконос се најскапи: од денес, туристите плаќаат нов данок во Грција

Од денес, патниците на крузери ќе плаќаат данок од 20 евра ако патуваат до островите Санторини и Миконос, како и пет евра ако одат на други грчки острови, објави Министерството за финансии на таа земја.
„Како што диктира регулативата, оваа такса ќе се однесува на Санторини, Миконос и други острови во помала мера“, изјави претставник на Министерството за финансии, пренесуваат медиумите во регионот.
Грција минатата година донесе закон за да се обиде да го регулира пристигнувањето на големи бродови на популарните туристички дестинации и да ја олесни инфраструктурата.
Даноците ќе се наплаќаат од 1 јуни до 20 септември, а според регулативата, крузерите ќе ги плаќаат од сопствен буџет, а подоцна ќе ги вклучат во цената на билетот за патниците.
Патувањето со крузери станува сè попопуларно во последните неколку години, а приходите во овој сектор се зголемија за 22,4 проценти во текот на изминатата година.
Регион
Милановиќ: Лицемерни и неискрени ветувања за Украина за членство во ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека, за жал, Европската Унија со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори.
„Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни. Таа е во војна, а што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Тоа се фактите. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ“, рече Милановиќ.
Милановиќ им го кажа ова на новинарите откога го угости својот полски колега Петер Пелегрини одговарајќи на прашање за членството на Украина во Европската Унија.
„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за тоа“, рече Милановиќ, а потоа продолжи да зборува за средствата за одбрана:
„Практично, ѝ дадовме на Украина 35 тенка подарок и ништо не добивме за возврат. Добивме трошки од Германија“.
„Способности, а не проценти, тоа е она што е важно“, рече Милаовиќ и продолжи:
„Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп кажувајќи му, без никаков сарказам, дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние, од друга страна, сме купувачи и купуваме неверојатно скапа стока кога ќе ја добиеме. Тоа се фактите и на оној што не му се допаѓа нека престане да живее во свет на фантазии“.
Тој исто така коментира за критиките дека словачкиот претседател Роберт Фицо е руски човек.
„Руски човек, што значи тоа? Го познавам. Тој не е руски човек, дури ни во однос на афинитетите, но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува“, рече Милановиќ.
Тој вели дека нема никаква врска со Русите, но не може да биде изненаден кога тоа доаѓа од луѓе што ги поминале своите кариери како руски пудлици.
„Дали е ова уреден начин на комуникација?“, праша претседателот на Хрватска и рече:
„Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе што треба да внимаваат што зборуваат“, објави хрватскиот портал „Дневник“.