Македонија
Љубе и заштитениот сведок ќе се видат во вторник

Судскиот совет и обвинителот ги известија присутните дека во текот на вчерашниот ден пристигнале известувања во судот и обвинителството од МВР дека заштитениот сведок за овој случај е достапен.
Судскиот процес против Љубе Бошкоски лидерот на Обединети за Македонија обвинет за земање нелегални донации за време на изборна кампања, денеска траеше само пет минути. Судскиот совет и обвинителот ги известија присутните дека во текот на вчерашниот ден пристигнале известувања во судот и обвинителството од МВР дека заштитениот сведок за овој случај е достапен.На последното рочиште судот констатира дека овој сведок со ознака З1 е недостапен и за денеска закажа завршни зборови. Но со известувањето на МВР од секторот за заштитени сведоци процесот се враќа во фаза на доказна постапка. Судот по барање на МВР го презакажа процесот за во вторник во 16 часот. Тогаш Љубе и заштитениот сведок прв пат ќе се видат. По одложувањето на процесот група поддржувачи на Бошкоски и неговите сестри застанаа зад Основниот суд 1 од каде од гаражата се изнесуваат притворените лица. Извикува „Љубе, Љубе“ и пееја патриотски песни. Останаа половина час за кое време тој дел од судот беше блокиран. Веднаш беше повикано полициско засилување, иако роднините на Бошкоски ги убедуваа полицајците дека само сакаат да го поздрават нивниот брат. По кусо натегање со полицијата роднините разбраа дека Бошкоски бил изнесен од друга страна од судот и разочарано се разотидоа. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стојкоски: Улицата Воин Драшкоци и патот Волково – Кучково меѓу 𝟤𝟦-те одобрени проекти со поддршка од Владата

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги истакна двата најзначајни инфраструктурни проекти од вкупно 24 кои добија поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој.
Проектите се со вкупна вредност од над 58 милиони денари и се од суштинско значење за локалниот развој на општината.
„Улицата „Воин Драшкоци“ во Хром – ќе биде реконструирана во должина од 1 километар, со ширина од 7 метри, која за прв пат ќе добие и атмосферска канализација, со што значително ќе се подобрат условите за жителите од овој дел на населбата.
– Патот Волково – Кучково – се реконструира и проширува со цел да добие современ и безбеден изглед. Овој патен правец е од голема важност за мештаните, земјоделците и сите кои секојдневно гравитираат кон овој потег“, се наведува во соопштението на Општината.
„Горди сме што во вкупната поддршка од Владата за проекти во локалната самоуправа се вклучени и два значајни проекти за Ѓорче Петров“, изјави Стојкоски.
Се грижиме, како што рече, за секое населено место и инвестираме таму каде што реално е најпотребно.
Македонија
СДСМ: Театарот на Мицкоски за внатрешни непријатели е обид да се скрие вистината за бугарските пасоши

Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ откако се обелодени скандалот дека Мицкоски имал бугарска самосвест и барал да извади бугарски пасош. Мицкоски се уште на ги демантира информациите за тоа дека барал бугарско државјанство, па наместо тоа во паника мора да ја обивнуваат СДСМ за да си го спасат рејтингот, велт од опозициската партија.
Според СДСМ, кампањата на ДПМНЕ преполна со лаги, навреди и барање внатрешни непријатели е одамна прочитана книга.
„Излитена плоча која веќе никој не ја слуша. Но граѓаните ја знаат вистината. И таа вистина е дека овој театар со „патриоти и предавници“ служи само за едно – да се сокрие епскиот неуспех на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Служи за да се скрие фактот дека Мицкоски и пола од неговата Влада имаат бугарска самосвест. За повеќе од една година оваа власт нема ништо ама буквално ништо испорачано за подобар живот и иднина за граѓаните.
Служи да се скријат сите скандали, длабоката партизација, нарушената безбедност и убиства, урнисан животен стандард, осиромашени земјоделци“.
Ова, како што додаваат, е веќе многу пати видено сценарио во кое ВМРО-ДПМНЕ фатени во врвот на сопственото лицемерие и антимакедонизам креираат атмосфера на поделби.
„Им порачуваме само едно, граѓаните овој филм го имаат гледано многу пати. Граѓаните ви ја препознаваат лажната грижа, лажниот патриотизам, ви ја читаат пропагндата и мизерните поделби. Знаат дека тоа е пат кон пропаст, пат кон трајно уништување на макеоднското национално ткиво. Тоа што го правите е вистинско национално самоубиство со единствена цел да го скриете својот катастрофален неуспех на секое поле“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на асистенти за дечиња со попреченост најголем досега, СДС со лажни вести предизвикува вознемиреност

СДС секојдневно пишуваат празни соопштенија, а денес повторно говорат за образованието, небаре го препородија па сега нешто не чини, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ беше објавено дека Јаневска направила хаос со образовните асистенти на сметка на најранливите ученици.
Од новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата, чекор кон поголема инклузивност во образованието, појаснуваат од партијата на власт.
Ангажирањето, како што велат, е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДС. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно.
„СДС постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција.
Затоа го молиме СДС, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува истото“.