Свет
Презентирани нови фотографии од нападот на кулите близначки
Американската телевизија ABC(Еј-Би-Си) презентираше досега необјавени фотографии од рушењето на Светскиот трговски центар(СТЦ) во Њујорк за време на терористичкиот напад од
Американската телевизија ABC(Еј-Би-Си) презентираше досега необјавени фотографии од рушењето на Светскиот трговски центар(СТЦ) во Њујорк за време на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.
Фотографиите биле направени од полициски хеликоптер кој летал над Менхетен во моментот на нападот и истите се во сопственост на Националниот институт за мерење и технологија кој ги собирал во корист на истрагата.
На неколку фотографии е прикажан едниот од облакодерите во пламен, а на другите се прикажани облаци од прашина и рушевини кои се издигаат над Менхетен после колапсот на зградите.
Секоја од новите 12 фотографии овозможува единствен поглед од рушењето на зградите од т.н. птичја перспектива.
Напад врз СТЦ го извршија 19 членови на терористичката организација Ал Каеда откако киднапираа два патнички авиони кој се урнаа во кулите-близначки.
При нападот загинаа 2.752 лица, а во преостанатите два напади со авиони во Пентагон и Пенсилванија загинаа околу 220 лица./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези
Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.
Свет
Затворени сите аеродроми во Москва
Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно од Москва, се привремено затворени, но не наведе причина.
„Авионските екипажи, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат неопходните мерки за да се обезбеди безбедност на летот“, се вели во соопштението на Росавијација.
Московските аеродроми последен пат беа затворени кон средината на минатиот месец, откако Украина рано наутро лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва.
Росавијација потоа објави на Телеграм дека „за безбедност на летовите на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања за работата на аеродромите Домодедово и Жуковски“.
Свет
Извори од азербејџанската влада: Руски проектил ја предизвика авионска несреќа
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Според овие извори, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на активноста на беспилотни летала над Грозни, а проектилите ги погодиле патниците и екипажот откако експлодирале покрај авионот за време на летот.
Владини извори за „Еуроњуз“ изјавија дека оштетениот авион не смеел да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотот за итно слетување. Наместо тоа, му било наредено да лета преку Каспиското Море кон Актау, Казахстан.
Податоците покажуваат дека ГПС навигациските системи на авионот биле прекинати во текот на летот над морето.
Според извештајот на меѓународниот портал AnewZ со седиште во Баку, кој се повикува на извори од азербејџанската влада, проектилот бил истрелан од системот за воздушна одбрана „Панцир-С“.
Руски извори јавуваат дека руските сили за воздушна одбрана активно се обиделе да соборат украински беспилотни летала кога авионот на Азербејџан ерлајнс ја преминувал Чеченија.
Доколку се потврдат овие прелиминарни извештаи, ова ќе биде втор пат во една деценија руските сили да соборат комерцијален авион, по соборувањето на летот МХ17 во Украина. Овој пат меѓу жртвите има руски државјани, но и оние од соседните земји.
Понатамошната истрага за несреќата треба да ги открие околностите околу лансирањето на ракетата, одбивањето за слетување на блиските аеродроми во Русија и наредбата да се прелета оштетениот авион над морето.
Покрај тоа, и четири извори потврдиле за Ројтерс дека патничкиот авион кој вчера се урна во Казахстан, претходно бил погоден од руска ракета над Чеченија.