Спорт
Познат составот на шкотската репрезентација за натпреварот со Македонија

Стари и нови имиња на списокот за натпреварот со Македонија кој ќе се одигра на 4-ти септември во Глазгов
Селекторот Дејвид Бејли денес го објави списокот за престојниот натпревар кој шкотската репрезентација ќе го игра против репрезентацијата на Македонија во рамките за квалификациите за С.П. во Јужна Африка кое ќе се одржи следната година. Во шкотскиот состав повторно се вратени Кевин Кајл и ветеранот Дејвид Вајер. Голмани: Нил Александер (Ренџерс), Крег Гордон (Сандерленд), Дејвид Маршал (Кардиф). Одбрана: Дарен Бер( Фалкрик), Стивен Мекманус (Селтик), Кристов Вера ( Вулверхемптон), Гери Колдвел ( Селтик) Стивен Колдвел ( Барнли), Калум Дејвидсон (Престон), Алан Хатон (Тотенхем), Џејми Мекалистер (Бристол), Стивен Вајтакер ( Ренџерс), Дејвид Вајер (Ренџерс). Среден ред: Грахам Алеџандер (Барнли), Скот Браун (Селтик), Крис Комонс (Дерби), Дарен Флечер (Манчестер Јунајтед), Пол Хартли ( Бристол), Џејмс Мекфаден (Бирмингем), Шон Мелони (Селтик). Напад: Дејвид Кларксон (Бристол), Стивен Флечер ( Барнли), Кевин Кајл (Килманрок), Кени Милер (Ренџерс), Стивен Најсмит (Ренџерс).
Во првито наптревар одигран во Скопје, македонската репрезетнација победи, подгревувајќи ги нашите надежи дека овој квалификациски турнус ќе може да се вроиме дури и за втората позиција во групата. Меѓутоа, подоцнежните киксовипридонеса за создавање лоша клима околу репрезентацијата што резултираше и со повлеквуање на селекторот, Словенецот Сречко Катанец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хосни му го донесе Суперкупот на Пелистер

Ракометарите на пелистер го освоија Суперкупот, со што официјално започна сезоната на домашните терени. Пелистер во Кавадарци го победи Вардар со 27:26. Мечот го реши Хосни со гол на седум секунди до крајот.
Првата половина од првиот дел им припадна на пелистерци, создадоа два гола предност, но Вардар бргу одговори, ја презеде контролата, изедначи, а во 26.минута црвено-црните ја достигнаа највисоката разлика (9:13).
Тука Вардар застана, во наредните четири минути му дозволи на Пелистер да постигне три гола (12:13).
Добрата игра од финишот на првиот дел Пелистер ја пренесе и во втрото полувреме, кога си ја врати предноста од два гола.
Актуелните шампиони имаа во 53. минута 26:22, но не знаеја да го затворат натпреварот. Вардар се врати со серија од четири гола. На седум секунди до крајот Хосни го постигна голот за победа.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Црна Гора испадна од ЕП, Вучевиќ во солзи се збогува со репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора доеживеа елиминација од Евробаскетот. Во последниот натпревар во Б групата, Црна Гора загуби од Велика Британија 89:83. Пред дуелот меѓу Шведска и Литванија, три селекции имаат по една победа, во тој круг најдобра е Шведска која од четвртото место ќе оди во осминафиналето.
Натпреварот во Тампере беше последен во дресот на националниот тим за Никола Вучевиќ. Центарот на Чикаго Булс единствен беше на потребното ниво против Велика Британија со 31 поени, 11 скока и седум асистенции.
Солзите на Никола Вучевиќ во микс зоната на „Нокиа Арена“ во Тампере ќе останат единствената слика што ќе се памети од петтиот настап на Црна Гора на Евробаскетот.
„Имаше некои ситуации, но не е вина на судиите, туку наша вина. Многу грешки за натпревар од вакво ниво. Им дозволивме повеќе отколку што тие самите можеа. Немавме фокус, енергија и желба за игра… Не знам… Едноставно не игравме на нивото, не ја оправдавме улогата на фаворити, не бевме на потребното ниво. Наша вина е“, рече Вучевиќ.
Вучевиќ потврди дека денешниот дуел беше негово збогување со репрезентацијата.
„Имаше добри и лоши моменти, што е дел од кариерата. Би сакал да им се заблагодарам на сите, почнав како кадет, би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи со кои поминав низ многу работи и ќе ги паметам тоа – тие пријателства. Што се однесува до самата кошарка, тоа Светско првенство останува како добар спомен, денес жалам што не успеавме, ова ќе беше голем успех. Благодарност до навивачите кои секогаш нè следеа“.
Foto/ EPA
Спорт
Димоски го потпиша договор со ТСЦ

Фудбалскиот клуб ТСЦ го официјализира трансферот на репрезентативецот на Македонија, Бојан Димоски, објави клубот од Бачка Топола.
Димоски (23) пристигна во ТСЦ од Акрон од Тољати. Вториот дел од минатата сезона го помина како позајмен во Партизан, а за „црно-белите“ одигра само четири натпревари.
Кариерата ја започна во младинските категории на Тетекс, а потоа играше за Вардар, за кој дебитираше како 17-годишник во февруари 2019 година, и за Академија Пандев, каде што стана стандарден член, а подоцна и капитен на тимот.
Потоа Димоски потпиша договор со рускиот клуб Акрон Тољати, а во февруари 2025 година се приклучи на Партизан како позајмен играч. Црно-белите не ја активираа опцијата за откуп.
Димоски ги помина сите македонски младински селекции, а дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија во јуни 2022 година против Гибралтар во Лигата на нации на УЕФА.
Фото/ Принтскрин