Европа
Шпанија може да се обрати за помош до ОН околу Гибралтар

Шпанија пред Обединетите нации би можела да го изнесе спорот со Велика Британија околу ртот Гибралтар, пишува во неделата тиражниот дневен весник El Pais, повикувајќи се на дипломатски извори.
Тривековното недоразбирање околу Гибралтар, британска прекуморска територија на Пиринејскиот полуостров на која полага право Шпанија, изминатава седмица кулминираше откако Мадрид се пожали дека спуштањето на блокови во морето за коишто гибралтарските власти велат дека е подигнување вештачки гребен, е всушност пречка за минување на шпанските рибарски бродови. Притоа се закани со воведување давачка од 50 евра за секое влегување и излегување од територијата на Гибралтар, како и проверка на даночната состојба на тамошните жители кои имаат имоти во Шпанија.
Изворите не прецизираа дали Шпанија од ОН ќе побара да го поддржи барањето Велика Британија да се откаже од суверенитетот над Гибралтар или да се придржува до одредени договори. Меѓутоа, интернационализацијата на случајот секако ќе придонесе за зголемување на тензиите, пишува весникот.
Покрај советот за безбедност при ОН, Шпанија, исто така,би можела да се обрати и до Генералното собрание или до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, велат извори на весникот.
Во петокот неименуван претставник на британското министерство за национална одбрана, потврди дека Лондон во водите на Гибралтар ќе испрати во текот на август три воени брода, во рамките на претходно планирани воени маневри.
Како што информираше телевизијата Sky News, повикувајќи се на извор во кабинетот на премиерот Дејвид Камерон, за време на телефонскиот разговор од средата со шпанскиот премиер Маријано Рахој, тој го известил за претстојните маневри. За време на телефонскиот разговор во средата Камерон, исто така, изрази сериозна загриженост во врска со плановите на Мадрид да ја зајакне контролата на границата со Гибралтар, и предупреди дека тоа би можело да доведе до влошување на односите меѓу Велика Британија и Шпанија.
Претходно минатата седмица шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Гарсија Маргаљ изјави дека планира воведување такси од 50 евра за секое преминување на границата меѓу Шпанија и Гибралтар. Според негова со оваа мерка ќе треба да им се субвенционира на шпанските рибари коишто се засегнати од активностите на властите на Гибралтар. Покрај тоа, Маргаљ најави дека планира и да го затвори шпанскиот воздушен простор за авионите кои летаат кон Гибралтар, како и воведување даночни контроли за жителите на Гибралтар кои имаат имоти во Шпанија.
Гибралтар веќе три века е предмет на спорови меѓу Шпанија и Велика Британија. Англичаните ја контролираат областа јужно од карпестиот брег на Пиринејскиот полуостров на површина од 6,5 километри со население од околу 30 илјади луѓе/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.
Европа
Русите лансираа 108 дрона врз Украина

Русија лансира 108 дрона во Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откога европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.
Украинската воздушна одбрана уништи 55 беспилотни летала лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки „Телеграм“. Во нападот беа вклучени и 30 дрона, кои беа изгубени по патот не погодувајќи ништо. Беспилотните летала беа соборени во источниот, северниот, јужниот и во централниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили.
Машиновозачот на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.
„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура… продолжуваат“, соопштија украинските железници, „Укрзализница“ во објава на „Телеграм“. Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот ултиматуми и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната в четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.
Европа
Курдските паравоени групи се распуштаат: „Го завршуваме вооружениот бунт во Турција“

Милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК), која е во конфликт со турската држава повеќе од четири децении, одлучи да се распушти и да ја прекине вооружената борба, објави новинска агенција блиска до групата.
Одлуката на ПКК ќе има далекусежни политички и безбедносни последици за регионот, вклучително и за соседна Сирија, каде што курдските сили се сојузници на американските сили.
Новинската агенција „Фират“ објави, како што ја нарече, конечна декларација од конгресот што ПКК го одржа минатата недела во северен Ирак, како одговор на повикот во февруари од затворениот курдски лидер Абдула Оџалан за нејзино распуштање.
Канцеларијата на турскиот претседател Таип Ердоган и Министерството за надворешни работи сè уште не го коментираа соопштението. Повеќе од 40.000 луѓе се убиени во конфликтот откако ПКК започна бунт во 1984 година. Турција и нејзините западни сојузници ја означија ПКК за терористичка група.