Македонија
Хотелот Вила Зора во Велес оставен на крадците и наркоманите
Хотелот Вила Зора, последниот угостителски објект во Велес, веќе четири месеци стои празен, а главен проблем за неговото нормално функционирање се нерешените сопственички односи.
Хотелот Вила Зора, последниот угостителски објект во Велес, веќе четири месеци стои празен, а главен проблем за неговото нормално функционирање се нерешените сопственички односи.
Откако АД. Киро Ќучук го остави хотелот со кој стопанисуваше 16 години, објектот им беше вратен на поранешните корисници Сојузот на Борци од Велес со 60 отсто и Фондот за пензиско осигурување со 40 отсто.
Старо-новите корисници велат дека немаат средства да го реконструираат хотелот, кој со Законот за сопственост донесен во 1999 година е во државно владение и очекуваат од владата да направат проект за негово реновирање.
Корисниците сметаат дека по реконструкцијата, објектот може да се издава или да се понуди на продажба и велат дека веќе имало заинтересирани страни.
„Со последниот делбен биланс хотелот е државна сопственост. Затоа и тие треба да го реновираат, бидејќи ние сме само корисници на објектот“, вели претседателот на сојузот на борците од Велес Саздо Кицевски.
Според проценка на стручни лица за реконструкција на хотелот ќе бидат потребни околу еден милион евра.
Додека се чека реакција од надлежните хотелот пропаѓа, а корисниците имаат големи проблеми да се справат со крадците кои во текот на вечерните часови ги кршат прозорците, влегуваат во објектот и прават штета, а напуштените простории, преполни со расфрлани шприцови и игли, се вистинско дувло за наркоманите.
„Крадците и наркоманите се голем проблем и ние моравме да воведовме и чуварска служба за да се справиме со нив“, вели Кицевски кој додаде дека веќе неколкупати ја контактирале полицијата, но засега резултати нема.
Хотелот Вила Зора не работи од 7 декември минатата година./крај/лисица/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

