Забава
Заедно да го менуваме дијабетесот
В сабота, 30 мај 2009 во 11:00 часот во „ФМ Кафе“ во Сити Галери (поранешна стоковна куќа „Типо“)Сојузот на здруженијата на граѓани со дијабетес ќе организира прес-конференција
На средбата со новинарите ќе говорат прим. д-р. Аврам Ванковски, претседател на Сојузот, г-ѓа Лилјана Вуевска од „Баланс“ – Асоцијација за детски дијабетес, проф. д-р. Чедомир Димитровски, директор на Клиниката за ендокринологија. Прес-конференцијата ќе се одржи по повод акцијата „ЗАЕДНО ДА ГО МЕНУВАМЕ ДИЈАБЕТЕСОТ“, во рамките на која на плоштадот Македонија во сабота и недела (30-ти и 31-ви мај 2009 г.) од 10:00 до 20:00 часот граѓаните ќе можат бесплатно да го мерат шеќерот во крвта и да добијат бесплатни совети и консултации од стручни лица за здравата исхрана и здравиот живот.Карванот „ЗАЕДНО ДА ГО МЕНУВАМЕ ДИЈАБЕТЕСОТ“ е од глобален карактер и во изминативе три години има посетено пет континенти и стотици населени места во светот. Македонија со овој настан практично се вклучува во планетарната коалиција за „Менување на дијабетесот“, поттикната од Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) и од Резолуцијата на Обединатите нации донесена во декември 2006 г., а која се однесува на заканата од пандемија на дијабетес и важноста на превенцијата на заболувањето и на комликациите кои болеста ги предизвикува. Статистиката веќе не смее да се игнорира – се проценува дека во светот денес има 246 милиони лица со дијабетес, што е 6 отсто од светската популација. Уште поалармантна е проценката дека, доколку продолжи сегашната стапка на пораст, за 15-тина години дијабетесот ќе стане најголемата епидемија што кога било во својата историја ја видел светот. Во Македонија се проценува дека има повеќе од 100 илјади лица со дијабетес, а нивниот број секојдневно расте со темпо кое е алармантно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Галеб се судри со новинарска додека снимаше репортажа и ја повреди
Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација: галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал крварење кај окото.
32-годишната новинарка сепак ги насмеа сите со својата реакција, а видеото го објави самата на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
„Само се обидувам да си ја работам работата додека природата има други планови“, напиша таа со објавата и предизвика бројни реакции во коментарите.
Виралното видео брзо собра повеќе од 200 илјади прегледи и шест илјади лајкови во рок од неколку часа.
„Можеме ли да се смееме или е прерано?“ пишува во коментарот под објавата.
„Да, се смеев околу 10 минути откако се случи, хахаха“, додаде таа.
Забава
Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно
Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.
Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.
Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.
„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.
И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.
„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.
Забава
Три хороскопски знаци ќе имаат најголеми финансиски проблеми оваа зима
Зимските месеци носат поголеми трошоци и финансиски притисоци, а според астрологијата, три хороскопски знаци особено ќе се соочат со проблеми и ќе мора да внимаваат на секој денар.
Близнаци – поради импулсивно трошење и променливо расположение тешко се држат до буџет и лесно влегуваат во финансиски потешкотии.
Лав – сакаат удобност и раскош, па често трошат повеќе отколку што можат. Тешко признаваат финансиски проблеми, што доведува до ненадејни ограничувања и стрес.
Риби – великодушни и емоционални, често трошат за себе и за другите без јасен план. Зимата им носи дополнителен стрес поради неорганизирано финансирање.

