Контакт

Европа

Австрија воведува азил на одредено време

Објавено пред

Австрија воведува построг закон за азил кој вклучува ограничено временско траење на азилот, како и заострени услови за спојување на одделени семејства, пренесуваат австриските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Главната законска новина е ткн азил на ограничено време, според кој лицата на кои во нивните земји ќе им биде загрозена егзистенцијата ќе добиваат засолниште во Австрија на рок од три години. По тој период одново ќе се проверуваат причините за давањето азил и доколку тие повеќе не постојат, лицето ќе биде вратено во земјата на неговото потекло.Новиот закон за азил, којшто би требало, како што пренесуваат австриските медиуми повикувајќи се на австриското министерство за внатрешни работи, да започне да се применува од средината на ноември, предвидува и отежнато спојување на семејствата на бегалците.Во иднина, лицата кои не го уживаат статусот на бегалци, туку само заштита од протерување, ќе можат да ги доведат своите семејства во Австрија дури по три години престој, и тоа само доколку е обезбедена материјална егзистенција.Министерството за внатрешни работи на Австрија, појасни дека една од причините за заострување на законот за азилот е и злоупотребата на ова право во последниот период.„Ние сакаме да им пружиме заштита на оние на коишто таа им е потребна. Она што сега се случува честопати не е потрага по заштита, туку по економски најатрактивната земја“, изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер, од Австриската народна партија која има рестриктивни позиции кон имигрантската криза.Австриските власти очекуваат годинава 85.000 барања за азил, што претставува драстично зголемување во споредба со минатата 2014 година, кога се примени 28.000 барања. Сепак, големо мнозинство од бегалците кои во последно време влегуваа во Австрија го продолжуваат патот кон Германија и скандинавските земји./крај/мф/сн

Извор: Hina



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Лукашенко за мирот во Украина: Путин е подготвен, проблемот е кај Европејците и кај Зеленски

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини лидерите на Европската Унија за попречување на мировните напори во Украина велејќи дека Русија е подготвена да ги почитува договорите постигнати со САД, но дека напредокот сега зависи од Киев и од неговите поддржувачи, објави РТ.

dobivaj vesti na viber

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина треба да се реши преку траен договор, а не преку привремено прекин на огнот. Сепак, според Москва, Киев „отворено покажува дека нема интерес за долгорочен мир“.

„Русија е подготвена да ги спроведе договорите постигнати со Американците. Веќе разговаравме за ова со претседателот Путин неколкупати. Проблемот е кај Европејците и кај Зеленски“, изјави вчера Лукашенко.

За време на состанокот со американскиот претставник Џон Коул претходно во текот на денот, Лукашенко нагласи дека ниеден американски лидер не вложил поголеми напори за да обезбеди мир во светот од Трамп.

„Сакам да му се заблагодарам на вашиот претседател за напорите што ги вложува за мир, првенствено во нашиот регион“, рече Лукашенко додавајќи дека Белорусија е подготвена „да застане покрај Трамп и да му помогне во оваа мисија“.

Белорускиот лидер посочи дека додека Вашингтон се залага за решавање на конфликтот, Брисел и Киев сè уште го посакуваат поразот на Русија на бојното поле инсистирајќи дека таквата цел е нереална и никогаш нема да се случи.

Лукашенко исто така ја критикува Полска за подгревање на тензиите како дивјаци откога Варшава ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала претходно оваа недела.

Тој рече дека белоруските сили пресретнале дел од авионите и однапред ја предупредиле Полска за други, но за возврат добиле само хистерија, според RT.

Руските и белоруските претставници повеќепати го обвинија Брисел за поткопување на мировната иницијатива на Трамп со тоа што го туркаат Киев кон она што Москва го нарекува невозможни барања.

Москва, треба да се потсетиме, бара Украина да остане неутрална, да остане надвор од НАТО и другите воени сојузи, да се демилитаризира и денацифицира и да ја прифати сегашната територијална реалност – вклучувајќи го и статусот на Крим и другите региони.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Објавено пред

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија руските власти и медиумите во петокот наутро. Првичните извештаи сугерираат дека нападите предизвикале пожари на брод во пристаништето Приморск и во објектот на „Лукоил“ во Смоленск, објавува „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Александар Дрозденко изјави дека повеќе од 30 беспилотни летала биле соборени над регионот Ленинград. Тој рече дека остатоците паднале на неколку локации во Тосно, град оддалечен 53 километри од Санкт Петербург, но рече дека немало жртви или голема материјална штета. Делови од беспилотните летала се пронајдени и во селата Всеволожск, Покровскоје и Узмино.

Дрозденко исто така потврди дека нападот предизвикал пожар на брод во пристаништето Приморск, најголемото руско пристаниште за товарење нафта на Балтичкото Море. Тој нагласи дека пожарот бил бргу изгаснат и дека нема ризик од потонување или истурање нафта. Заканата со беспилотни летала привремено го затвори аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург предизвикувајќи одложувања или откажувања на речиси 50 лета.

Главниот град исто така беше цел на напади
И главниот град на Русија беше цел на напади. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку девет украински дрона биле соборени во близина на градот. Тој на „Телеграм“ изјави дека службите за итни случаи биле испратени на местата на урнатините, но не даде детали за локациите или евентуалната штета.

Во исто време, руските канали на „Телеграм“, повикувајќи се на извештаи од жители, објавија експлозии во населбите Можајск и Дедовск во Московскиот Регион, западно од градот.

Пожар во фабриката „Лукоил“
Нов бран дронови го погоди и рускиот град Смоленск. Гувернерот на Смоленската област, Василиј Анохин, потврди дека дејствуваат противвоздушни единици, но не даде дополнителни информации.

Жителите пријавија експлозии, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пожар во блискиот објект на „Лукоил“, со густ чад и пламен што се издига од непозната локација.

Украинската војска сè уште не ги коментира нападите. Украина наводно ја променила својата стратегија за беспилотни летала во последните месеци за да ги попречи руските воздушни операции и да ја направи војната видлива за руското население.

Нападот се случи само неколку дена откога Русија изврши рекорден напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, како и инцидент во кој руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украински воен пилот загина за време на борбена мисија

Објавено пред

Олександр Боровик, 30-годишен пилот од 39-та украинска тактичка авијациска бригада, загина вчера додека извршуваше борбена мисија во секторот Запорожје на фронтовската линија, потврди неговата бригада.

dobivaj vesti na viber

Боровик летал околу 13:30 часот по локално време кога се случил инцидентот. „Причините и околностите за неговата смрт се под истрага. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Олександр. Вечно сеќавање на Херојот“, се вели во соопштението.

Во краткото соопштение не се наведува што се случило со воениот авион, но со оглед на тоа што пилотот бил убиен, се претпоставува дека авионот бил уништен.

Русија моментално контролира околу 70% од Запорошката област, но главниот град на областа, Запорожје, останува под украинска контрола.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија32 минути

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет1 час

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија2 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија11 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија12 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија14 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија15 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија15 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија17 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија18 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија20 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет23 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија24 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет1 ден

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет1 ден

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...