Свет
Палестинците масовно се пријавуваат за работа во Хамас
Повеќе од 14 илјади палестинци аплицирале за 1.500 работни места во екстермистичката организација Хамас, која управува со регионот Газа, јавија во среда агенциите.
Повеќе од 14 илјади палестинци аплицирале за 1.500 работни места во екстермистичката организација Хамас, која управува со регионот Газа, јавија во среда агенциите.
Економската криза и безработицата ги принудуваат жителите на Газа масовно да се вклучуваат во безбедносните сили на Хамас, која во изминатите две години важи за еден од најголемите работодавци во палестинскиот регион.
Голем дел од заинтересираните за работа, не ја земаат предвид идеологијата на екстремистите, но немаат друг начин за заработка.
На последниот оглас за работа, се пријавиле и членови на конкурентското движење Фатах, со кое раководи актуелниот палестински претседател Махмуд Абас.
Власта на Фатах над Газа беше одземена по една недела брутални улични протести раководени од Хамас.
Затворањето на границите на регионот Газа, доведе до колапс на палестинската економија, а невработеноста се искачи на 40 отсто.
Луѓето се очајни и тие ќе се потрудат да обезбедат било каква работа само за да ги задоволат своите основни потреби, рече Усама Канан, преставник на Меѓународниот монетарен фонд за регионот Газа. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад
Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Ги искористиле за напад на руските позиции во регионот Харков во северна Украина и победиле.
„Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот“, објасни портпаролот на 13-та бригада на националната гарда.
Тоа беше импресивен технолошки подвиг, но и загрижувачки знак на слабост на украинските сили. Имено, беспилотните копнени возила се многу ограничени и се уште не можат целосно да ја заменат пешадијата, пишува Форбс.
Фактот дека 13-та бригада на националната гарда требаше да го замени целиот свој персонал во копнениот напад доволно зборува за тоа колку малку луѓе има бригадата во споредба со руските единици со кои се бори. 13-та бригада на националната гарда ја брани линијата на фронтот долга осум километри околу градот Хлибока, јужно од украинско-руската граница. Тие се обидуваат да спречат барем четири руски полкови да напредуваат.
Тоа се околу 2.000 Украинци наспроти околу 6.000 Руси. Односот е приближно ист по целата линија на фронтот, долга околу 1.300 километри.
Украинската операција вклучуваше далечински пилотирани дронови за извидување и поставување мини, таканаречени самоубиствени експлозивни роботи на земја и во воздух, како и вооружени копнени роботи.
Свет
Затворени два аеродроми во Русија
За да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово беа воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската авијациска агенција Росавијација.
Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено не прифаќаат ниту испраќаат летови, пренесе РИА Новости.
Причините за овие ограничувања не се наведени.
Ограничувањата за користење на воздушниот простор претходно беа воведени на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.
Свет
Путин: Бајден ми понуди во 2021 година да се одложи членството на Украина во НАТО
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека неговиот американски колега Џо Бајден му предложил во 2021 година „да се одложи членството на Украина во НАТО за десет до 15 години“, додека Украина долго време бара членство.
„Во 2021 година, сегашниот американски претседател Бајден ми предложи влезот на Украина во НАТО да се одложи за 10-15 години, бидејќи се уште не беше подготвена“, рече Путин за време на телевизиската прес-конференција.
Рускиот претседател рече дека му одговорил на Бајден разумно.
„Да, Украина сега не е подготвена. Сепак, вие (САД) ќе ја подготвите (Украина) за тоа (членството во НАТО) и ќе ја прифатите“, додаде Путин.
Според него, Русија не се грижи дали Украина ќе влезе во НАТО денес, утре или за десет години.
Москва смета дека членството на Украина во НАТО е црвена линија, додека Украина смета дека членството е неопходно за нејзината безбедност против Русија и бара да биде примено што е можно поскоро.
Вашингтон и Берлин не сакаат да прифатат каква било перспектива за брз пристап на Украина во НАТО.
Кремљ на почетокот на декември повторно предупреди дека влезот на Украина во НАТО ќе претставува неприфатлива закана за Русија.