Македонија
Отворен нов центар за медицинска козметологија
Нов центар за медицинска козметологија во четврток беше свечено отворен на Универзитетската клиника за дерматологија.
Нов центар за медицинска козметологија во четврток беше свечено отворен на Универзитетската клиника за дерматологија. Услугите за разлика од приватниот сектор ќе бидат поевтини за 20 – 30 отсто.
„Ние до Фондот за здравствено осигурување ќе поднесеме барање, пред се за третманите кај акните, да партиципира барем во еден дел на услугата за да биде подостапна на нашите пациенти. Останатите индикациски подрачја кои што ќе ги покриваме нормално ќе бидат приватно наплатувани , а цените ќе бидат далеку пониски од приватниот сектор“ рече Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дерматологија.
Ова е обид, Клиниката да обезбеди дополнителни финансиски средства за покривање на долговите, кои до 31 декември изнесувале околу 8 милиони денари.
„Ваквиот пристап во јавното здравство е корисен од неколку аспекти, корисен е за пациентите кои добиваат нови услуги во јавното здравство, за лекарскиот персонал кој добива нов извор на финансии, корисно е и за јавното здравство кое докажува дека со упорност може да биде конкурентнo со приватното здравство“ рече Министерот за здравство, Бујар Османи. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

