Свет
Австралиската премиерка нема да ја гледа ТВ серијата за својот секс

Премиерката на Австралија, Џулија Гилард изјави денеска дека не намерава да ја гледа телевизиската серија во која актерите ја играат неа и нејзиниот партнер, покриени со државно знаме, како водат љубов во нејзината канцеларија.
Премиерката на Австралија, Џулија Гилард изјави денеска дека не намерава да ја гледа телевизиската серија во која актерите ја играат неа и нејзиниот партнер, покриени со државно знаме, како водат љубов во нејзината канцеларија.
Третата епизода на хумористичната серија „Во куќата со Џулија“, треба да биде емитувана вечерва на државната телевизија, што наиде на остри критики од страна на пратениците и медиумите поради навредувањето на австралиското знаме и функцијата премиер.
Серијата од четири епизоди, во јавноста беше оценета како недуховите. Премиерката најави дека нема да ја гледа епизодата, но и дека нема намера да ја коментира серијата.„Имам поважна работа“ рече Гилард за Најн нетворк телевизија.
Гилард првично го поддржа снимањето на оваа серија и дури и дозволила снимање на некои сцени во својата резиденција во Канбера, а барала дури и да и се сними првата епизода од серијата, бидејќи во моментот кога се емитувала била на Нов Зеланд.
„Мислам дека луѓето кои ме познаваат, знаат дека имам добра смисла за хумор, па очекувам дека ќе се смеам кога ќе ја гледам серијата“ изјави тогаш Премиерката.
Осудата за користењето на државното знаме во таа серија ја поддржале и пратениците на партијата на премиерката, конзервативната Лабуристичка партија, како и опозицијата.
Опозицискиот пратеник Џон Форестер ја повика телевизијата ABC да ја повлече таа епизода од програмата да не ја емитува.
ABC пак ја брани сцената со знамето. „Ако е во ред други да се обвиткуваат со знаме во други прилики, навистина не разбираме зошто нашата премиерка не може да се прекрие со него како симбол на љубовта“ наведува телевизијата во соопштението.
Гилард е прва жена премиер во историјата на Австралија и прв премиер кој живее во официјалната резиденција со вонбрачен партнер, фризерот Тим Метисон. /крај/б/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта на нападот била да се обезбеди ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас, пренесуваат светските медиуми.
Американскиот новински портал „Аксиос“ ги цитираше израелските претставници кои изјавија дека операцијата го означила почетокот на копнена офанзива во најголемиот град во Појасот Газа.
Израелските воени авиони извршија речиси континуирани напади врз Газа во текот на ноќта, придружени со артилериски оган, објави палестинската новинска агенција WAFA.
Палестинските медиуми објавија дека тенковите подоцна влегле во градот, каде што се верува дека се уште стотици илјади луѓе. Израелската војска не го потврди ова.
Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека Хамас има само неколку дена да се согласи на договор за прекин на огнот, бидејќи Израел започна особено тешки напади врз градот Газа.
„Израелците започнаа операции таму. Затоа веруваме дека имаме многу краток временски рок за да постигнеме договор со палестинската исламистичка група“, им рече тој на новинарите.
По посетата на Израел, по која следеше патување во Катар, Рубио рече дека веројатно му остануваат само „неколку дена, можеби неколку недели“.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за „Скај њуз“ од Претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели тој, е потребна храброста на Трамп, објави Скај њуз.
Зеленски изрази надеж дека британскиот премиер Кир Стармер ќе ја објасни иднината на Украина за време на државната посета на американскиот претседател на Велика Британија оваа недела. „Навистина се надевам дека тој (Стармер) ќе може да има многу специфична дискусија за безбедносните гаранции на САД за Украина“, рече тој.
„Пред да ја завршиме војната, навистина сакам сите договори да бидат во сила. Сакам да имаме документ што е поддржан од Соединетите Американски Држави и сите европски партнери. Ова е многу важно“, нагласи украинскиот лидер, додавајќи: „За да се случи ова, ни треба јасна позиција од претседателот Трамп“.
Украинскиот претседател, исто така, го повика американскиот лидер да преземе „силни лични чекори“ за да го „запре Путин“. Неговиот апел доаѓа откако Трамп ги повика сојузниците во НАТО да престанат да купуваат руска нафта и воведе царини за Кина за да извршат притисок врз Москва.
„Верувам дека Соединетите Држави се доволно силни за да донесат свои одлуки“, рече Зеленски. „Верувам дека Доналд Трамп може да ни даде системи за воздушна одбрана во доволни количини, а Соединетите Американски Држави имаат доволно од нив“.
Тој додаде дека е уверен дека Вашингтон може да воведе санкции што ќе ѝ наштетат на руската економија. „Сигурен сум дека САД можат да применат доволно санкции за да ѝ наштетат на руската економија, плус Доналд Трамп има доволно моќ да го натера Путин да се исплаши од него“, рече тој, потсетувајќи дека Европа веќе воведе 18 пакети санкции. „Се што недостасува сега е силен пакет санкции од САД“.
Зеленски, исто така, ги даде своите коментари во контекст на неодамнешниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска. Тој рече дека Трамп „му дал многу на Путин“ и „требало да плати повеќе“ за состанокот.
„Верувам дека доколку беше трилатерален состанок [со вклучена Украина], ќе имавме некаков резултат“, додаде тој.
По веста дека британските борбени авиони пресретнале руски дрон над Полска, Зеленски предупреди дека Путин ја тестира силата на Северноатлантскиот договор. „Тој го тестира НАТО“, рече тој. „Тој сака да види за што е подготвено НАТО, за што се способни, дипломатски и политички, и како локалното население ќе реагира на тоа“.
Според него, Москва испраќа уште една порака: „Не се осмелувајте да ѝ дадете на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана, бидејќи можеби ќе ви бидат потребни и вам“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев: Затворањето на небото над Украина би значело војна со НАТО

По изјавите на полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, дека НАТО размислува за затворање на небото над западна Украина поради честите напади со руски беспилотни летала, првата остра реакција дојде од Русија.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воспоставувањето зона на забрането летање над Украина и овластувањето на земјите од НАТО да соборуваат руски беспилотни летала би значело директен конфликт меѓу НАТО и Русија.
„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање „зона на забрането летање над Украина“ и дозволување на земјите од НАТО да соборуваат наши беспилотни летала значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот Телеграм канал, коментирајќи ја изјавата на Сикорски.
Медведев, исто така, забележа дека „моќната европска иницијатива „Источна стража““ повеќе го забавила отколку што го исплашила. „Се чини дека ова е сè што останало од „коалицијата на оние што се подготвени“, истакна тој.
Тој се осврна и на посетата на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур на Киев, додавајќи: „Колку е помала земјата, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“.
Оваа изјава претставува прв отворен одговор на Москва на најавите на НАТО за потенцијално затворање на дел од украинскиот воздушен простор и дополнително ги разгорува тензиите во регионот, укажувајќи на можност за директна конфронтација со сојузниците од Алијансата, според написите во светските медиуми.
Фото: принтскрин