Европа
ЕК: Има напредок со Британија, но не е сѐ договорено
Постои одреден напредок во разговорите меѓу институциите на Европската унија(ЕУ) и Велика Британија во врска со реформите што Лондон ги бара, но ништо не е договорено додека сѐ не биде договорено, изјави во понеделник портпаролот на Европската комисија(ЕК) Маргиритис Шинас.
„Има напредок во преговорите на политичко и техничко ниво, но ништо не е договорено додека сѐ не е договорено“, рече Шинас.Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и британскиот премиер Дејвид Камерон не успеаја во недела во Лондон да постигнат договор, па затоа европските и британските дипломати ги продолжија преговорите во понеделник за договорот што ќе и овозможи на Британија останување во ЕУ.Британскиот премиер во ноември минатата година објави четири главни подрачје во кои бара реформи во ЕУ, како би можел на своите бирачи да им препорача да гласаат за останување во Унијата на референдумот што треба да се одржи до крајот на 2017 година.Референдумот би можел да се одржи и многу порано, а како најверојатен можен датум се споменува јуни.ЕК предложи да се воведе еден вид ‘сопирачка’ за имигрантите од другите земји-членки во моменти кога социјалниот систем на та земја ќе дојде под преголем притисок. Станува збор за механизам што би важел за сите земји членки, не само за Британија, а кој би дозволувал работниците од другите членки да немаат право на исто ниво на социјална заштита како и домашните работници во првите четири години.За покренување на тој механизам, земјата која тоа го бара би морала да докаже дека нејзиниот социјален систем е преоптоварен, а одлуката за тоа би го донесувале земјите членки со квалификувано мнозинство.Камерон тој предлог го оцени како ‘напредок’, но недоволен.Шинас потврди дека таа кочница, по предлог на Комисијата, би можела да се користи веднаш, но дека со тој предлог не се запознаени останатите земји членки.Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави минатата недела дека денеска би можел да им ги упати на челниците на сите земји членки предлозите врз кои би можел да се гради компромисот со Велика Британија. Целта е да се постигне договор до самитот на 18 и 19 февруари, на кој една од главните теми ќе биде британското прашање. /крај/мф/ст
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.