Свет
Тајланд воведе вонредна состојба
„Црвените кошули“ за кратко го окупираа тајландскиот парлмент во средата, со цел да го зголемат притисокот врз владата да закаже предвремени избори, по што владата воведе вонредна состојба во престолнината Бангкок
Тајланд прогласи вонредна состојба во престонината Бангкок во средата, откако демонстрантите провалија во кругот на зградата на владата, присилувајѓи ги министрите да бегаат со хеликоптер, вклучувајќи го и премиерот Абхисит Вејџаџива,јави агенцијата Ројтерс.„Црвените кошули“ како што ги нарекуваат демонстрантите кои го поддржуваат протераниот поранешниот премиер Таксин Шинаватра, на одлуката за воведување воена состојба реагираа со повик до поддржувачите од руралните области на земјата да дојдат во престолнината во што е можно поголем број. „Ќе објавиме војна. Нема повеќе преговори“, изјави лидерот на демонстрантите, Арисман Понгруангронг. Вонредната состојба предвидува забрана за јавни собири од повеќе од пет луѓе и и дава широки овластувања на армијата, која го поддржува актуелниот премиер. Според владата, одлуката за воведување на вонредната состојба била со цел да се врати нормалниот начин на живот и да се зачува светоста на законот. Претходно, стотици демонстранти кои ја поддржуваат тајландската опозиција, таканаречени „Црвени кошули“ во средта се пробија низ слабииот кордон полицајци и навлегоа во кругот на тајландскиот парламент, но по 20 минути се повлекоа и се групираа пред зградата на парламентот. Внатре во зградата министрите имаа состанок на владата, но успеаја да си замминат пред да навлезат демонстрантите. „Црвените кошули“, кои го поддржуваат сменетиот премиер Таксин Шинаватрa, немаат намера да се откажат од притисокот врз актуелниот премиер Абхисит Веjџаџива и неговата влада, поддржана од тајландската армија и кралското семејство и ќе продолжат со деммонстрацииите, кои траат веќе четири недели, се додека не бидат закажани предвремени избори. Десеттици илјади „Црвени кошули“ од саботата ја држат окупирана крстосницата Рачапрасонг, која е главна трговска област во престолнината Бангкок и е полна со продавници и луксузни хотели, кои од саботата не работат. „од денеска, ќеги фокусираме нашите акции кон сите луѓе, места и деловни објекти кои се поврзани со Абисит“, изјави лидерот на демонстрацииите Натавут Саикуа и додаде дека протестите „ќе ги кренат на повисоко ниво“.Од своја страна, владата го прошири Актот за внатрешна безбедност и сега армијата има законска основа да воспостави ред, но на улиците нема знаци дека се подготвува некаква акција од нивна страна. Армијата, која е главен баланс на моќта во оваа земја, одбива да употреби сила за да ги растера демонстрантите. началникот на генералштабот Анупонг Паоџинда изјави дека нема оправдување за употреба на сила и покрај притисокот од страна на премиерот Абисит со сила да се врати редот и мирот.„Не смееме да употребиме сила затоа што тоа ќе предизивика жртви. Сепак и демонстрантите се Тајланжани“ изјави Паоџинда. Ова се најжестоки демонстрации на опозицијата откако во 2006 г. армијата со воен удар го смени двапати избраниот Таксин поради наводна корпуција и непотизам. Опозицијата има поддршка од руралните, иромашните и пониските слоеви на населението, додека актуеланата власт главно ја претставува урбаната елите.И овој викенд во Бангкок беа распоредени 50 илјади војници и полицајци, во очекување на демонстрантите кои ќе пристигнуваат од внатрешноста на земјата.Рокот кој му е даден на премиерот Вејџаџива да распише парламентарни избори е 12-ти април.Демонстрантите бараат од премиерот Абхист Вејџаџива да го распушти парламентот, сметајќи дека партиите кои го поддржуваат поранешниот премиет Таксин Шинаватра ќе победат на новите избори и ќе придонесат за поголема демократизација на земјата.Tаксин Шинаватра, кој пред извесно време престојуваше во Црна Гора чиј пасош поседува, постојано престојува во Дубаи каде е во доброволен егзил сакајќи да ја избегне затворската казна откако беше осуден за злоупотреба на функцијата и за проневера. Тој беше соборен со државен удар во 2006 г. и од тогаш е во бегство. Во отсуство е осуден на две години затвор, а по него од тајландските власти е распишана потерница на Интерпол.Бидејќи ниедна од од целите досега не им успеа, демонстрантите досега го привлекуваа вниманието на медиумите со акции како што се пролевање крв врз зградите на влезот од главниот град, врз седиштето на владејачката партија и куќата на премиерот. Сите протести досега беа мирни, затоа што нивните организаторите сметаат дека насилството ќе биде контрапродуктивно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

