Свет
Италијанка најмила убијци да го ликвидираат нејзиниот татко
Една Италијанка која најмила платени убијци да го убијат нејзиниот татко е уапсена откако еден од наемниците го променил мислењето и ја информирал полицијата, соопштија италијанските власти.
Една Италијанка која најмила платени убијци да го убијат нејзиниот татко е уапсена откако еден од наемниците го променил мислењето и ја информирал полицијата, соопштија италијанските власти. Деветнаесетгодишната Лениа Морети побарала од својот татко 5.000 евра за патување во Америка, а потоа тие пари ги искористила за да им плати на убијците да го убијат, очигледно со согласност на мајката, соопшти полицијата. Лениа, која живее во малото гратче Луцаро во близина на Милано, изјавила дека повеќе не можела да го трпи својот татко, кој се однесувал како тиранин. „Рече дека сакала да го заврши долгогодишното малтретирање на кое биле изложени таа и нејзината мајка“, додава полицијата. Потенцијалниот убиец ги примил парите, а потоа отишол во полиција. Лениа во јануари го најмила првиот убиец што го нападнал нејзиниот татко, но не му нанел смртоносни повреди. Полицијата ја испитува и мајката на Лениа, поради сомнение дека и таа е вмешана во обидот за убиство на својот сопруг. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.