Здравје
СЗО: Две третини од население помладо од 50 години е заразено од херпес

Две третини од светското население помладо од 50 години е заразено од вирусот на херпес кои предизвикува ранички на усните, објави Свеската здравствена организација (СЗО – WHO) во првата процена за распространетоста на овој вирус во светот.
Повеќе од 3,7 милијарди луѓе помлади од 50 години се заразени со herpes simplex вирусот тип 1 (HSV-1) кој најверојатно го добиле уште како деца, покажува истражувањето на СЗО. Тоа е додаток на 417 милиони луѓе на возраст од 17 до 49 година кои се заразени со HSV-2 кој го предизвикува гениталниот херпес.
Вирусот HSV-1 вообичаено предизвика херпес на усните, но во побогатите земји сé почесто станува причина и за генитални инфекции. Тоа е поради тоа што со подобрувањето на хигиената во богатите земји опаѓа заразувањето со вирусот HSV-1 во детството и младите луѓе се поизложени на ризикот да се заразат со орален секс кога стануваат сексуално активни.
Вирусот HSV-2, пак, може да го зголеми ризикот и ширењето на HIV-вирусот кој предизвикува СИДА/AIDS. Малку се знае за евентуалната врска меѓу HSV-1 и HIV/AIDS, но се знае дека тој може да предизвика други сериозни компликации, како што е, на пример, енцефалитис.
„Мораме да го забрзаме развојот на вакцина против херпес симплекс вирусот, а кога вакцините со кои би се спречила зараза со вирус HSCV-2 би делувале и против HSV-1, тоа би донело далекусежни ползи“, вели Сами Готлеб од СЗО. Неговата колешка Натали Брутет додава дека неколку фармацевтски компании веќе работат на развојот на такви вакцини./крај/мф/сн
Извор: WHO
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Има 51 година и супер обликувано тело: поранешната членка на „Спајс грлс“ изгледа брутално во бикини

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.
Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.
Mel C, 51, flaunts her sizzling six-pack as she packs on the PDA with her boyfriend Chris Dingwall during a romantic stroll along Bondi Beach https://t.co/0dqgJNQvJw
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 14, 2025
Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.
Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.
Забава
Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксидант е најдобар за вашата кожа

Се чини дека постојано се бараат чудесни комбинации што го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.
Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неоспорни во светот на негата на кожата – витаминот Ц и витаминот Е.
И двете состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и кај дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува многубројни придобивки.
Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа
Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксидант познат по:
- Го изедначува тенот: помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата правејќи ја кожата посветла и посвежа;
- Го стимулира производството на колаген: обезбедува цврстина и еластичност намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки;
- Заштитува од фотостареење: кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од УВ-оштетување и од слободните радикали;
- Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се почне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата;
- Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА-киселини за да избегнете потенцијална иритација.
Витамин Е: хидратантен штит на кожата
Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксидант познат по својата способност:
- Длабоко хидрира: ја заклучува влагата во кожата спречувајќи дехидрација;
- Ја зајакнува заштитната бариера: создава заштитен слој на површината на кожата спречувајќи губење вода и пенетрација на надразнувачи;
- Го намалува воспалението: ги смирува црвенилото и иритацијата, идеален за сува и чувствителна кожа;
- Заштитува од оксидативен стрес: ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето и од загадувањето;
- Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ги подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданти, особено кога се комбинираат со витамин Ц.
Дуо од соништата: комбинација од витамини Ц и Е
За максимална заштита и сјајна кожа експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамина.
Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.
Идеалната комбинација содржи 15 % витамин Ц и 1 % витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.
Кој витамин е најдобар за вас?
- Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник;
- Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор;
- Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамина заедно за максимален ефект.
Совети за правилна употреба:
- Почнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација;
- Нанесете наутро: идеално време за витамини Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор;
- Секогаш користете крем за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор;
- Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и од типот на кожата. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданти дава најдобри резултати обезбедувајќи ѝ на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита;
- Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Забава
(Видео) Кората од ова овошје го нарекуваат природен ботокс: дали е навистина така

Убаво и негувано лице е целта на секоја жена која се грижи за себе, а многу често сме во дилема како треба да се однесуваме кон него, кои производи да ги користиме, а кои не вредат.
Фактот дека брчките е невозможно да се избегнат загрижува многумина, но секако дека постојат начини да ги забавите.
Покрај скапите производи што ги користат многу жени, на „Тик ток“ стануваат вирални видеата со природен трик за успорување на брчките.
@yourmategingerkate 🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌 #naturalskincare #skincare #antiaging #antiagingskincare ♬ original sound – Kate 👩🏻🦰
Иако се се повирални видеата со ова овошје, дерматолозите објаснија дека нема докази дека кората од банана делува на брчките.
„Нема научни докази кои сугерираат дека триењето на кората од банана на кожата може да помогне при брчки, темни кругови или воспаление“, вели д-р Тејлор Булок од Клиниката во Кливленд.
Бананите можат да бидат ефикасни во негата на лицето благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, но тешко дека ќе забележите ефект во однос на намалување на брчките. Иако, не ве чини ништо да се обидете.