Македонија
Заштита за македонската пченица и брашно
Со одлуката на Владата ќе се врзе увезената пченица и брашно со откупените количества на домашна пченица, изјави Љупчо Димоски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со одлуката на Владата ќе се врзе увезената пченица и брашно со откупените количества на домашна пченица, изјави Љупчо Димоски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Количината на увезена пченица ќе биде 1:3, односно за еден килограм увезена пченица ќе треба да се откупат три килограми домашна пченица, а односот на увоз на брашно со одлуката е 1:4, за еден килограм увозно брашно треба да се откупат четири килограми домашна пченица.„Поради увозот на брашно по многу ниска цена и лош квалитет, направени се 900 инспекциски контроли со што се намали увозот на пченица за 45 отсто и увозот на брашно за 25 проценти со цел да се заштити домашното производството“, рече Димоски.Одлуката е донесена за да се постигне пазарен баланс помеѓу очекуваното производство и увезената пченица и брашно со побарувачката во Македонија, а се поклопуваат со барањата на производителите на пченица и да се заштити интересот на земјоделците, а ќе стапат во сила откако ќе излезат во службен весник.„Министерството предложи цена од девет денари за килограм по кој ќе се врши интервентен откуп, количините кои ќе бидат интервентно откупени зависат од потребите за стоковите резерви“, изјави Димоски.Земјоделците за 40 денари за еден тон месечно ќе имаат можност за складирање на пченицата во државните силоси во Прилеп, со цел намалување на понудата на пченицата во период на жетва и подршка на производителите.„Трендот на увоз е радикално намален и со примена на одлуките ќе се има поголема контрола врз цената и увозот со што ќе се увезуваат производи со висок квалитет“, рече министерот.Во периодот за шест месеци од оваа година увезени се 20 илјади тони, а за истиот период минатата година увезени се 27,5 илјади тони брашно.Годишните количини на пченица потребни за Македонскиот пазар се движат околу 360 илјади тони, спред податоците на министерството оваа година се засеани 96 илјади хектари од кои се очекува род од 290 илјади тони./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал, смета Македонски концепт
Губењето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува сериозна и потенцијално смртоносна закана за безбедноста, стабилноста и иднината на Република Македонија и македонскиот народ. За мала држава во чувствителен геополитички регион, ваквото нарушување на односите со клучниот стратешки сојузник значи институционална изолација, економска несигурност и директно слабеење на националната безбедност, велат од Македонски концепт.
Според нив, фактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал.
„Тоа не е случајност, туку последица на долгогодишна толеранција, па дури и институционална пасивност кон два опасни феномени: растечкиот верски радикализам на македонска територија и широко распространетото прокомунистичко и антизападно однесување и наратив во јавниот простор“, велат од Македонски концепт.
Од таму велат дека овие појави се директно спротивни на вредностите на НАТО, на западната цивилизација и на принципите врз кои се темели стратешкото партнерство со САД.
„Потребни се итни, проактивни и недвосмислени државни мерки, без калкулации и без идеолошки страв: забрана на носење бурки и верски манифестации во сите јавни институции, во име на безбедноста, секуларноста и јавниот ред; донесување посебен закон за спречување и санкционирање на верскиот радикализам и донесување закон за забрана на комунистичката идеологија, нејзините симболи и тоталитарното наследство, како идеологија која историски и суштински е спротивна на слободата, демократијата и западниот вредносен систем“, се наведува во соопштението.
Паралелно со внатрешните реформи, велат од Македонски концепт, Република Македонија мора да упати формален и аргументиран приговор до Соединетите Американски Држави за штетите предизвикани со ставањето на земјата на ваква листа.
„Како полноправна членка на НАТО, Македонија има право да се повика на Договорот за стратешко партнерство, со јасно барање истиот да се почитува и земјата веднаш да биде отстранета од таа листа. Македонија мора да избере, или ќе биде јасен и вредносно усогласен сојузник на САД, или ќе продолжи да тоне во сива зона на радикализам, идеолошки анахронизам и меѓународна недоверба. Среден пат, нема“, велат од Македонски концепт.
Македонија
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово кадешто се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 Kрушево Претор, Куманово, 0 Крива Паланка, Виница.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 25 сантиметри на Попова Шапка, 10 сантиметри во Маврови Анови и Крушево.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Македонија
Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година, велат од СДСМ
„Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане. Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството“, велат од СДСМ.
„Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада.
Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.
Затоа што условите во општеството се исти како во 2016 година, криминал, корупција, заробени институции, партизација, контрола врз правосудството.
После се што изнесовме во јавноста на граѓаните им е кристално јасно.
Сѐ што најавивме – се оствари. Ги разоткривме сите планови на власта и сите планирани чекори.
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата.
Нека се договара ВМРО со ДУИ што сака. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е власта да ја вратиме во рацете на народот“, соопштуваат од СДСМ.

